16:46 - 10 ноември, 2026

(Видео)„Ме удри струја и косата ми се крена“ – дечкото на Меган Фокс има нова фризура

Популарниот пејач Машин Ган Кели доби нова фризура за време на музички настап, но можеби не онаа што ја сакаше. Како што пишува порталот ТМЗ,  Кели доживеал струен удар за време на неговиот последен концерт.

Рокерот вели дека добил „електричен удар“ на сцената додека настапувал викендов во Супер Боул.

Вереникот на Меган Фокс на Инстаграм објави видео на кое може да се види како во еден момент целата коса му е во воздух.

„Ме удри струја и косата ми се крена“, напиша Ган Кели до видеото.

Музичарот ја запроси Меган на плажата Риц-Карлтон Дорадо во Порторико пред една година. Парот се запознал на снимањето на филмот Midnight in the Switchgrass во кој и двајцата глумеа.

„Штом дознав дека Кели ќе глуми во филмот, почувствував дека нешто диво ќе се случи, но не бев сигурна што. Само длабоко во себе почувствував дека нешто сериозно ќе излезе од тоа. “, изјави Меган во едно интервју.

Кели еднаш изјавил дека и тој веднаш почувствувал нешто кон Меган и дека овие чувства стануваат се поинтензивни секој ден.

„Секој ден ја чекав да излезе од нејзината приколка, само за да воспоставам еден контакт со очите. Имаше само пет чекори помеѓу нејзиниот автомобил и приколката, а јас само седев таму во близина и се надевав дека ќе ја видам”, рекол раперот. .

Актерката поради врската со Кели се разведе од сопругот Брајан Остин Грин, со кого беше во брак 10 години.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....