15:07 - 4 ноември, 2026

(Видео) Си го платив данокот: Јордан Митев искрено за проблемите со здравјето

Јордан Митев искрено проговори за тешкиот период поради сериозно нарушеното здравје. Фолк-пејачот пред неколку години откри дека имал операција откако лекарите му нашле инвазивен планоцелуларен карцином.

​Познатиот македонски фолк-пејач и кантавтор,  проговори за професионалните предизвици и здравствената цена на долгогодишното градење на успешна кариера, во интервју за „Гламур ТВ“.
​Митев се осврна на еден подолг и тежок период низ кој поминал, нагласувајќи дека таквите состојби не доаѓаат одеднаш, туку се таложат со текот на времето.
​

„Тоа беше еден доста тежок момент за мене, тежок период. Траеше подолго. Тоа не е нешто кое што се решава од денес за утре, а исто така и не е нешто кое што доаѓа од денес за утре. Тоа е резултат на многу работи коишто организмот најверојатно ги памети, па сето тоа бара простор и време кога ќе излезе“, вели Митев.

​Според неговите зборови, темпото на работа кое го наметнува естрадата бара жртви кои публиката често не ги гледа. Тој признава дека неговиот најголем непријател бил стресот, кој го имало во огромни количини додека се трудел да ја заземе својата позиција на сцената.

​„Најголемиот проблем на човекот, најголемата атомска бомба на еден човек е стресот. А кај мене го имаше во енормно големи количини, бидејќи да се гради оваа кариера верувајте дека не е така тоа баш наивно, знаете – земи го микрофонот и пеј. Сето тоа да се испорача, да се процесира и да трае човек, тоа бара многу сериозна, многу студиозна работа и сето тоа си има одреден данок којшто треба да се плати“, објаснува пејачот.
​

Тој додава дека неговата посветеност често значела и по неколку дена поминати во студио без излегување:

​„Јас си го платив чесно данокот и бев свесен дека тоа ќе дојде, затоа што кај мене се случувало по три дена да не излезам од студио или да преспијам во студиото и одма да продолжам. Значи многу денови коишто навистина сум… па и месеци што се дадени, големи жртви… И сето тоа е – да не зборувам за настапите – значи сум имал јас по два настапи во денот каде што еден настап трае 4-5 часа, се пакувам, заминувам на друго место, на друго место пак 4-5 часа пеење. И тоа се повторувало со денови, со денови, со месеци… Но тоа е цената којшто мора да се плати во одреден период од животот за да човек се докаже и да заземе своја позиција“, заклучува Митев.

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....