23:12 - 5 април, 2026

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ВДОВИЦАТА НА ШАБАН ШАУЛИЌ: Не видовме ни трага на каење во очите на тој човек кој одзеде два живота

Поминаа скоро три години по сообраќајната несреќа во која недалеку од Билефелд-Германија загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, а со тешки повреди се здоби Слободан Стојадиновиќ. Денес во Гитерсло се одржа судењето на Турчинот Алсин Левент кој ја предизвика несреќата.

Тој беше осуден на три години затвор, а по пресудата се огласи сопругата на покојниот пејач за „Blic“.

„Tажни сме и разочарани, не поради висината на казната, бидејќи уште од почетокот знаевме дека германскиот закон не предвидува долгорочна затворска казна за такво дело. Нашата несреќа е затоа што по три години не видовме ни трага на каење во очите на тој човек кој одзеде два животи и две семејства ги зави во црно“, изјави за „Blic“ вдовицата на пејачот, Гордана Шаулиќ, која присуствуваше на судењето заедно со синот Михајло и ќерката Санела.

(ВИДЕО) ОСУДЕН ТУРЧИНОТ ПОРАДИ КОЈ ЗАГИНА ШАБАН ШАУЛИЌ: Левент го криеше лицето со книга, додека целото семејство на пејачот беше во судницата!

„На крајот на краиштата, очекувавме да видиме барем трошка човечност во него, но тоа не се случи. Судијата и обвинителот професионално си ја завршија работата и ние сме им благодарни и им благодариме на сите оние кои нè поддржуваа и сочувствуваат со нас од трагедија, со нашата болка, а тоа се милиони луѓе ширум светот. Горди сме затоа што Шабан не е и нема да биде заборавен за нив“, додаде таа.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....