20.8 C
Скопје
16:23 - 12 март, 2026

(ВИДЕО) “СЕ КААМ”! ДЕВОЈКА (32) ПОЧИНА ОД КОВИД: Пред смртта, објави потресно видео

Девет дена пред нејзината смрт, Меган од болница го сними нејзиното последно видео.

Тиктокерката Меган Александра Бланкенбилер почина во 32-та година од животот од коронавирус. Во последното нејзино видео таа побара од луѓето да не го следат нејзиниот пример и да се вакцинираат, бидејќи тоа може да им го спаси животот.

Не требаше да чекам. Се каам. Не ја примив првата доза, но не сум анти-ваксер. Само се обидов да истражам сè темелно. Се плашев и тоа е причината зошто одложував. Планирав да се вакцинирам заедно со другите членови на моето семејство во текот на есента. Како што и самите знаете, тоа е тешко, особено ако некои луѓе мислат различно од вас. Мислам дека тоа беше грешка. Ако сте 70 проценти сигурни дека сакате вакцина, одете по неа. Не чекајте, само одете! Затоа што само така, се надевам дека нема да завршите во болница како мене. ДОБРО? – вели Меган во видеото.

Таа живеела во Флорида, каде што и го закажала терминот за вакцина, но се разболела пред да успее да ја добие првата доза.

Патем, Меган имаше повеќе од 16.000 следбеници на Тикток. Кога таа заврши во болница, од болничкиот кревет сними видео за да ги предупреди пријателите да се вакцинираат, за да не завршат во болница како неа.

Нејзината последна снимка покажа која беше таа. Таа беше несебична, тип на човек кој ги користи последните денови за да им помогне на другите – изјави за странските медиуми сестрата на Меган, Рејчел.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Ѓани итно хоспитализиран! Српскиот фолкер е примен на ВМА, соопшто неговата сопруга

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром: „Не е тој поинаков, ние сме“

Еспресо

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin
Се вчитува....