12.9 C
Скопје
04:57 - 25 јули, 2026

(Видео) На што личи оваа слика? Мартија Станојковиќ откри дека татко ѝ се лути кога се слика во тоалет

Мартија Станојковиќ искрено раскажа дека татко ѝ многу се лути кога таа се облекува провокативно и се слика во тоалет.

​Младата и популарна пејачка од Куманово, позната по својот специфичен глас, но и по храбриот моден израз, во поткастот „Урок“ со Сергеј Варошлија зборуваше за тоа како нејзиното семејство реагира на нејзиниот имиџ.

​Додека од мајка си, братот и сестрата ужива безрезервна поддршка, Мартија признава дека нејзиниот татко има малку поинакво мислење кога станува збор за нејзиниот визуелен идентитет.
​Пејачката откри дека нејзиниот татко не е голем поддржувач на нејзините поекспонирани фотографии на социјалните мрежи. Таа се присети на една случка во која татко ѝ бурно реагирал.

​„Не е фан да ме гледа во многу провокативни изданија. Кога ќе се разголам нешто… еднаш ми имаше речено, ја виде сликата и ми рече: ‘На ништо не ти личи оваа слика’. Се сликав во тоалет, носев еден краток фустан со црни хулахопки и со некои пердуви на штиклите. Му беше грдо што сум се сликала во тоалет во таков фустан“, раскажува Мартија.

Мартија сепак додаде дека нејзините најблиски постепено се помируваат со фактот дека таа е уметник и дека нејзината професија бара одреден имиџ.
​„Реално, беше малку чудно, но мислам дека се помирија со тоа дека професијата едноставно ти налага да се однесуваш како што се однесуваш и да изгледаш како што изгледаш“, објаснува таа.

​На прашањето дали размислувала за одредени интервенции на своето тело, Мартија рече дека поголеми гради не би одговарале на нејзината ситна конституција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lazarov Podcast (@lazarovpodcast)

Слични објави

Животот ѝ приреди сценарио какво што ретко се гледа и на филмското платно – тажната приказна на Јадранка Стојаковиќ

Т.Ц.

„Битно ставив панделка“: Маја Кикириткова се обиде сама да ја склопи скарата за роденденот на сопругот

Еспресо

(Видео) Масовна тепачка по настапот на Аца Лукас, учествувале повеќе од 80 луѓе, полицијата реагирала

Еспресо

Сопругот на Јелена Јованова откри што ја прави нивната љубов толку силна: „Таа ми е најголемата поддршка“

Еспресо

(Фото) Подготвени сте за комплименти? Посетете го бутикот „Прагма“ во ГТЦ и пронајдете го фустанот во кој ќе блеснете

Еспресо

(Видео) Нина Бадриќ воодушевена од концертот на Бруно Марс: „Ожени ме, ожени ме!

Еспресо
Се вчитува....