05:54 - 4 ноември, 2026

(Видео) Ксенија Николова за обидите да стане мајка: Сакав да се откажам од процесот, но од желбата никогаш

Писателката Ксенија Николова отворено проговори зa падовите и борбата на патот кон остварувањето како мајка.

Во разговорот во поткастот „Мама не си сама“, таа направи разлика помеѓу самата желба за родителство и тежината на самиот процес кој често знае да биде исцрпувачки.

​На прашањето дали имало моменти кога помислила да се откаже од желбата да се реализира како мајка, Ксенија рече дека такво нешто не се случило.

​„Од желбата секако дека не. Од желбата не може да ти се… нели, желбата е една константа“, рече писателката.

​Сепак, таа признава дека неуспешните обиди и тежината на целиот пат можат да создадат огромна аверзија кон самиот процес, водејќи до моменти на длабок замор и желба за кревање раце од сè.

​Николова вели дека патот до мајчинството носи моменти на криза, особено кога жената за првпат се соочува со сите физички и емотивни предизвици кои тој ги носи со себе.

​„Како не, од процесот на… апсолутно. Поготово тој процес кој го искусуваш, кога го искусуваш за првпат. Тогаш е еден навистина голем, голем залак за кој не си ни свесен дека ќе бидеш спремен да го голтнеш, нели, баш така“, искрена е Ксенија, која повеќепати отворено зборуваше за неуспешните обиди да забремени.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....