8.8 C
Скопје
12:03 - 1 април, 2026

ВИДЕО: Косовската влада ги затвори СИТЕ АПТЕКИ во СЕВЕРНА МИТРОВИЦА, Србите бесни!

Граѓаните од Северна Митровица се обидуваат да ги спречат инспекторите од Фармацевтскиот инспекторат на Косово да извршат увид. Заради напнатата сутуација полицијата ги придружува инспекторите, пренесуваат косовските медиуми.

Портпаролот на Министерството за здравство, Фаик Хоти, за klankosova.tv го потврди увидот и рече дека за овој случај извештај ќе дадат Инспекторатот и полицијата.

 

„Имаше инспекција од фармацевтскиот инспектор поддржана од косовската полиција и косовската царина во аптека во северно Косово. Инспекторатот и полицијата ќе направат извештаи за увидот.“

Порталот на српски јазик „Косев“ објави видео од инспекцијата каде се гледаат припадници на косовската полиција како се спротивставуваат на некои граѓани кои се обудуваа да ја попречат акцијата.

Портпаролот на полицијата, Бесим Хоти, за klankosova.tv изјави дека немало физички судир меѓу службените лица и граѓаните.

„Полицијата им помагаше инспекторите за економски криминал и на другите единици кои имаа контрола врз аптека. Имаше собир на претставници на други аптеки во градот, но немаше физички судири“

Граѓаните што протестираат упатија навредливи зборови до дежурните инспектори. Како што пренесува „Косев“ повеќе сопственици на други аптеки ги затвориле објектите пред да пристигнат инспекторите кај нив.

Сопственикот на аптеката во која инспекторите успеаја да влезат, Благоје Савиќ рече дека причината за денешната акција е од политички карактер.

– Регистриран сум и плаќам данок. Тие бараат сите лекови и добра да бидат од Косово, а тоа е невозможно. Нашите здравствени работници и лекари препишуваат други лекови и здравствениот систем на Косово и Србија не е ист. Прво, лекарите треба да се префрлат на нивниот здравствен систем, а дури потоа аптеките – рече Савиќ.

Според сознанијата на Слободен печат на северот на Косово има повеќе диви гранични премини кои се користат за шверц на разни продукти, вклучувајќи и лекови со сомнително потекло.

.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....