4.8 C
Скопје
04:23 - 28 март, 2026

(Видео) Ким Кардашијан низ солзи проговори за животот со децата по разводот со Канје Вест: „Морам да бидам насмејана, да ја слушам неговата музика, да пејам заедно со нив, како сè да е во ред“

Ким Кардашијан во подкастот на IRL разговараше со водителката Енџи Мартинез за тоа како ги воспитува децата по разводот со поранешниот сопруг Канје Вест, како и за последиците од разделбата со него и скандалот Баленсијага.

Ким призна дека сака да ги заштити своите деца од „сето ова лудо с*ање“ што доаѓа по јавните лудости на раперот.

Зборувајќи за ова, реалити ѕвездата се расплака.

Таа, исто така, го спореди начинот на кој нејзините деца сега се сеќаваат на сопственото детство: „Го имаа најдобриот татко, имаа најубави спомени и прекрасни искуства и тоа е се што сакам за моите деца“.

Ким признава дека кога децата ќе ја прашаат за лудориите на нивниот татко, таа ќе биде подготвена да им одговори, но засега молчи.

„Дотогаш ќе дадам се од себе за да им го направам животот што е можно понормален“, рече таа.

„Одиме на училиште и тие сакаат да ја слушаат музиката на нивниот татко, без разлика што се случува. Морам да имам насмевка на моето лице, морам да ја слушам неговата музика, да пеам заедно со нив и да се однесувам како сè да е во ред.”

Таа истакна дека кога плаче, тогаш е потполно сама.

Ким истакна дека секогаш го бранела својот поранешен сопруг во очите на своите деца, и тоа заради нив. „Еден ден моите деца ќе ми бидат благодарни што во секоја прилика јавно не го обвинувам нивниот татко“, додаде таа.

Ким Кардашијан поднесе барање за развод од Канје Вест во февруари 2021 година. Заедно имаат четири деца: Норт, Чикаго, Сент и Псалм. Разводот беше скандалозен – Канје Вест, кој боледува од биполарно растројство, практично ја бркаше сопругата, му се закануваше на нејзиниот нов љубовник Пит Дејвидсон, а исто така често се наоѓаше во центарот на скандали.

 

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....