7.8 C
Скопје
21:08 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) ЌЕ ВИ ЗАШТЕДИ ВРЕМЕ И НЕРВИ: Трик за безо и лесно поставување светилки на елката

Новогодишните и божиќните празници се ближат, а со нив доаѓа и возбудата за украсување на домот. Иако кај многумина буди чувство на радост и возбуда, има и такви кои секоја година мака мачат со украсувањето на елката.

Една корисничка на „ТикТок“ го имала истиот проблем. Затоа решила да им помогне на сите луѓе,
па на својот профил објавила видео кое брзо собрало огромен број прегледи и коментари.

(ФОТО) Како започнал трендот за китење елка

Имено, Тамара Ведерби покажа како без многу труд и за кратко време да ги поставите светликите
на вашата елка. Откако завршила со поставувањето на украсите, решила да покаже дека има многу
полесен начин да се постават светилките.

„Ако сè уште ги обвиткувате светилките околу елката шетајќи околу неа неколку пати, ова е дефинитивно вистинското видео за вас“, вели таа во воведот на видеото.

КАКО ДА ПРИВЛЕЧЕТЕ СРЕЌА И ПАРИ: Фенг шуи трикови за китење елка и празнично украсување на домот

Така, наместо да ги местите светилките заобиколувајќи ја елката додека не ви се заврти на глава, Тамара нагласува дека има поедноставен начин. Започнете од дното на елката, а потоа продолжете да ги обесувате светилките од лево кон десно, само на едната страна од дрвото. И така до самиот врв.

Потоа земете ги другите, одете на другата страна на дрвото и направете го истото, овојпат почнувајќи да ги спуштате од врвот.

„Со тоа што ќе ги поставите светилките на овој начин, ќе заштедите време и нерви, а ќе ви биде многу полесно да ги отстраните кога ќе решите да ги вратите во кутијата по празниците“, вели таа на крајот од видеото.

@tamara_weatherbeeChristmas hack I didn’t know!🤯🤷🏻‍♀️ #christmashack #christmastreehacks #christmastreehack #treelights #ROMWEnextgen

♬ Jingle Bell Rock – Bobby Helms

Слични објави

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо
Се вчитува....