13:19 - 24 ноември, 2026

(Видео) Катарина Лазиќ запеа и го изненади Дарко со својот глас

Сопругата на пејачот Дарко Лазиќ, Катарина, иако не се занимава професионално со пеење, го изненади својот сопруг, но и публиката на Шабачкиот саем кога го зеде микрофонот и запеа.

Катерина ја изведе песната „Мутливода“ на Сања Ѓорѓевиќ, а Дарко со насмевка ја следеше нејзината изведба.

Дарко на саемот дошол заедно со сопругата, а моментот кога Катарина почнала да пее бил снимен и објавен на социјалните мрежи.

„Не е пејачка, но згази половина естрада“, напишал фолк-пејачот покрај снимката.

Кога Катерина го пуштила гласот, нејзината изведба ги воодушевила и присутните музичари. Меѓу нив бил и Љуба Алиќиќ, кај кого Дарко бил поканет да пее.

Во еден момент на снимката се гледа и Дарко како се прекрстува, очигледно изненаден од тоа како пее неговата сопруга.

Шабачкиот саем и годинава собра бројни посетители од цела Србија. Покрај различните содржини, забавата и храната, неизоставен дел од манифестацијата се и бројните пејачи кои настапуваат пред публиката.

 

Слични објави

(Видео) Таско искрено за загубата на првото бебе: „Сфатив дека имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене“

К.С.

„Бев малолетна“: Наташа Беквалац откри на колку години го имала првиот интимен однос

Е.А.

(Фото) Маја Гроздановска-Панчева изгледа неверојатно на 53 години — пејачката се појави во елегантно издание на настап во Скопје

К.С.

Рецепт за француски колач со јаболка и ванила – неодоливо сочен десерт со мирис на есен

К.С.

Дневен хороскоп за 24 ноември: Добрата организација ќе ви помогне да избегнете непотребна нервоза

apostolova

„Не сакаше да излезе од куќата, па морав јас да ја напуштам“: Ќерката на Дино Дворник за болниот развод со Британецот

Еспресо
Се вчитува....