7.8 C
Скопје
20:54 - 30 март, 2026

(ВИДЕО) ЈА „РАЗНЕСЕ“ СЦЕНАТА ВО ШТИП СО НЕЈЗИНАТА ИЗВЕДБА: Слушнете ја песната која според многумина требаше да победи на „Макфест”

лара

Сѐ уште пристигаат пофални зборови за одличниот настап и фантастичната интерпретација на младата пејачка Лара Иванова на овогодишниот фестивал “Макфест”, кој се одржа пред неколку дена.

Лара буквално ја „разнесе” сцената во Штип со нејзината изведба на песната „Душа” и ги освои симпатиите на присутната публика, но и оние пред малите екрани.

лара иванова
фото: приватна архива

Многумина дури ја прогласија и за задолжителен победник на фестивалот, иако таа ја освои само наградата за вокална интерпретација.

Инаку „Душа” е музичко дело создадено од Иле Спасев и Робин Зимбаков, кои уште еднаш докажаа дека се одличен тандем.

„Душа” доби и музички видеоспот кој исто како и за претходната песна на Лара, го потпишува режисерот Владимир Митревски – Ѓуле.

– „Душа” мислам дека има душа и баш поради тоа ја освои публиката. Точно е, Иле и Робин направија магија и јас сум презадоволна. Вистина е дека реакции добивам секојдневно и тоа премногу ме радува. Мислам дека нема поголема награда за еден пејач или артист кога ќе види дека неговото дело е одлично прифатено од пошироката публика – вели Лара.

Слични објави

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо
Се вчитува....