6.8 C
Скопје
08:27 - 30 март, 2026

(Видео) Исплива бизарна снимка од крунисувањето на кралот Чарлс: Дали е ова лошиот предзнак?

Деновиве сите зборуваат дека кралот Чарлс има рак. Не е познато за каков вид на рак се работи, но откриен е при неодамнешниот третман за зголемена простата.

По дијагнозата, на социјалните мрежи повторно почна да се шири бизарно видео од крунисувањето на кралот во 2023 година. Во еден момент за време на крунисувањето, гледачите забележале необична сцена на влезот во Вестминстерската опатија.

Станува збор за маж кој бил облечен во црна облека, а неговиот изглед многумина ги потсетил на она што се нарекува „симбол на смртта“. Уште од тогаш, многумина на социјалните мрежи тврдеа дека тоа не е добар знак.

Некое време подоцна беше откриено дека всушност станува збор за помошник кој учествува во верски церемонии. Сепак, видеото повторно почна да кружи на социјалните мрежи откако беше објавено дека Чарлс има рак.

Инаку, кралот Чарлс реши да ја сподели својата дијагноза за да спречи какви било шпекулации. Со тоа, тој се надева дека ќе помогне да се зголеми свесноста на јавноста за оние кои се погодени од рак.

Слични објави

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova
Се вчитува....