13:07 - 1 ноември, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ВУЧИЌ МУ ДОДЕЛИ ОРДЕН НА ЏОНИ ДЕП: „Сакам да се преселам во Србија ако ме примате“

Српскиот претседател Александар Вучиќ, лично му врачи Златен медал за заслуги на Република Србија за исклучителен придонес во областа на културата на холивудскиот актер Џони Деп.  Тој беше одликуван со орденот денеска по повод Денот на државноста, пренесоа српските медиуми.

По прифаќањето на орденот, Деп им се обрати на присутните, се присети на пријателството со Емир Костурица и длабоко се заблагодари за укажаната чест.

– Ова е навистина несекојдневен момент за мене и многу сум горд. Почитуван господине претседателе, народе на Република Србија, уметници, продуценти. Пред многу години бев благословен кога запознав еден необичен човек. Штом го видов, знаев дека не припаѓа во Холивуд. Неговото име е Емир Кустурица. Кустурица ми стана брат, неговото семејство стана мое, ги гледав неговите деца како растат. Тоа беше врска што ја создадовме од првиот ден кога се запознавме. Кога те сака, тој навистина те сака, а кога не те сака, навистина не те сака, Џони Деп го започна говорот.

– Тоа што е навистина прекрасно овде е дека луѓето го користат секој момент, суштината е да се прослави моментот. Овде со Емир снимивме филм со екипа која беше спектакуларна, со екипа која во ниту еден момент не беше уморна, иако беше исцрпена. Верувам дека има многу таленти што ќе ги најдеме овде и се надевам дека ќе бидам дел од тоа. Многу ви благодарам. Навистина сакам да ви се заблагодарам Вам, претседателе Вучиќ. Драго ми е што ми го дадовте овој медал за заслуги. Ќе останам достоен и ќе направам сѐ што е во моја моќ овој медал да биде олицетворение на моите обврски овде. Овде имам страст за сѐ – ќебапи, некој ми кажа нешто за ракија од слива, но не сум имал шанса да пробам.

Актерот понатаму во својот говор нагласи дека од Србија добивал само подароци.

– Овде не добив ништо освен подароци. Емир ми подари сосема нов живот. Сега сум на почеток на еден нов живот и ми се допаѓа овој почеток. Би сакал тој почеток да биде во Србија, ако ме ПРИМАТЕ, се разбира, истакна тој.

Слични објави

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.

Почина Мишо Ковач — никогаш не ја преболе смртта на синот Еди, кој имаше само 16 години

К.С.

Детокс смути со тиква и јаболко — здрав напиток што се подготвува за пет минути

К.С.

Дневен хороскоп за 1 ноември: Раковите ќе се соочат со емоции од минатото, а Девиците ќе добијат неочекувана покана

К.С.
Се вчитува....