11:56 - 1 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Пораст на температурите до 18 степени, еве кога!

– Како што најавивме утре ќе имаме пооблачно време со повремени локални врнежи од дожд и снег на планините. Ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Во деновите потоа ќе имаме претежно стабилно и суво време со многу повеќе сончеви периоди, вели метео прогнозерот Славчо Поповски.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Поголем пораст на максималните температури ќе имаме од четврток и истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, и ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.

И во Скопскиот регион утре времето ќе биде претежно облачно со услови за повремен дожд. Утре ќе засилува и ветерот од југоисточен правец. Во деновите потоа пак времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу повеќе сончеви периоди. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 15 степени.

Слични објави

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.

Почина Мишо Ковач — никогаш не ја преболе смртта на синот Еди, кој имаше само 16 години

К.С.

Детокс смути со тиква и јаболко — здрав напиток што се подготвува за пет минути

К.С.

Дневен хороскоп за 1 ноември: Раковите ќе се соочат со емоции од минатото, а Девиците ќе добијат неочекувана покана

К.С.

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.
Се вчитува....