7.8 C
Скопје
03:41 - 2 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ПРЕКРАСНИОТ ТАЈЛАНД: Заливот Маја отворен по четири години

Познатиот залив Маја во Тајланд, кој се прослави по снимањето на филмот „The Beach“ (2000) со Леонардо ди Каприо, по речиси четири години повторно е отворен за туристи.

Прекрасната плажа на 31 декември прими „гости“ за прв пат од јуни 2018 година кога беше затворена, пренесува „BBC“.

Одлуката е донесена затоа што плажата била посетена од 5.000 туристи на ден пред властите да одлучат да помогнат во заживување на системот на коралните гребени.

Според новите мерки, чамците не смеат да влезат во заливот, а возачите мора да ги оставаат патниците на блиското пристаниште и само осум глисери можат да се закотват истовремено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonard Irie Fong (@lfong)

Исто така, дозволена е само една посета на час, а бројот е ограничен на 300 лица во една тура, од 10 до 16 часот. Заливот Маја е на еден час возење со брод од Пукет.

Да потсетиме, плажата требаше да биде затворена само четири месеци, но периодот беше продолжен за да им се овозможи на коралните гребени да се опорават од штетата. Покрај повторното поставување на коралите, направени се напори да се спречи ерозијата со повторно засадување дрвја и трева покрај плажата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @___tripet___

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....