23.8 C
Скопје
18:04 - 7 октомври, 2026

(Видео) Финската премиерка Сана Марин во центар на контроверзност поради „бесно“ видео од забава: Од неа се бара да направи тест за дрога

Финската премиерка Сана Марин (36) е во центарот на контроверзноста откако видеото на кое таа танцува со нејзините пријатели стана вирално на интернет. Ова предизвика остри критики за Марин: многумина одлучија дека таквото однесување е несоодветно за политички лидер, особено во тензична ситуација во светот.

Самата Марин негираше дека користела дрога и рече дека „нема што да крие“.

– Не користев никакви суптанци, така што полагањето на тест за дрога не ми е проблем,
изјави таа за новинарите за време на прес-конференција на аеродромот во Куопио.

Таа понатаму објаснува дека освен алкохол не конзумирала ништо – Танцував, пеев и се забавував и не правев ништо незаконско – вели таа за своето однесување, додавајќи дека малку пиела, а исто така не забележала дека некој до неа користи недозволени супстанци.

Политичарката истакна дека не очекувала дека видеата од приватна забава ќе влезат на Интернет.

Марин додаде дека нема да го промени начинот на живот поради критиките.
– Ќе бидам истата личност како порано и се надевам дека ова ќе биде прифатено. Живееме во демократија.

Во видеото се забележани и некои фински познати личности: пејачката Алма и нејзината сестра Ана, раперот Петри Нигард, ТВ водителката Тини Викстром, познатата фотографка Јанита Аутио, радио водителката Каролина Туоминен, како и пратеници од Социјалдемократската партија, во која и самата Марин е член.

Пред неколку месеци, Марин веќе беше во центарот на скандал: тогаш премиерката беше критикувана дека поминува време во клубови по контакт со заразени од коронавирус. Самата тоа го објаснила со тоа што пред забавата го заборавила работниот телефон дома и не добила порака дека треба да се изолира.

Во 2020 година, Сана Марин беше критикувана за фотосесијата во која позираше во јакна со длабоко деколте, носена директно на нејзиното голо тело.

Сана Марин е една од најмладите светски лидери и најмладиот премиер на Финска. Таа ја презеде функцијата премиер во 2019 година на 34-годишна возраст.

Слични објави

По Анабела Атијас и Гаги Ѓогани оди на операција – отворено зборуваше за својата здравствена состојба

Еспресо

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

Јелена Розга откри што сменил Иван Хуљиќ поради неа: „Многу сум горда на него“

Еспресо

Ѝ украле куп пари, а син ѝ ја спасил од дното — пејачката Деси Слава банкротирала откако била измамена

E.A.

(Видео) „Доаѓаш во Пекинг како турист, а потоа се сретнуваш со Ноле“: Кнез ќе заплачеше од среќа кога се поздрави со српскиот тенисер

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.
Се вчитува....