19:21 - 25 ноември, 2026

(Видео) Едита Арадиновиќ покажа како тренира: Дига тегови во шестиот месец од бременоста

Пејачката Едита Арадиновиќ ужива во еден од најубавите периоди од животот, а откако беше откриено дека е бремена, вниманието на јавноста е насочено кон секој нејзин чекор.

Како што претходно пренесоа српските медиуми, Едита моментално е во шестиот месец од бременоста и го очекува своето прво дете.

Иако е во поодмината бременост, пејачката изгледа беспрекорно, а многумина коментираат дека никогаш не изгледала поубаво, пишува „Телеграф“.

Она што особено привлече внимание е фактот што Едита не ги запоставува ниту здравјето ниту физичката активност, па и понатаму редовно тренира.

На својот инстаграм-профил објави снимка од домашна атмосфера, на која вредно вежба со тегови. Во преден план беа нејзиниот беспрекорен изглед, но и енергијата со која зрачи и покрај бременоста.

Многумина забележаа дека пејачката речиси и да не добила вишок килограми, освен трудничкиот стомак, кој гордо го носи.

Фановите ѝ порачаа дека изгледа „како милион долари“ и дека бременоста очигледно ѝ годи на популарната пејачка.

 

 

 

@editaaradinovic

♬ original sound – Edita

Слични објави

(Фото) Вељко и Богдана Ражнатовиќ ја прославија годишнината – ја одведе на свечена вечера со блиските пријатели

Еспресо

„Кредит за ташна е без памет, брз кредит за Нова година исто така“: Миа Костова искрено за парите и животот без долгови

К.С.

Јована Јеремиќ во солзи пред олтарот, ниту Тигар не ги сокри емоциите – водителката објави досега невидени снимки од венчавката

Еспресо

Скандал во Турција — приведена актерката која ја глумеше Ферхунде во „Кога лисјата паѓаат“

К.С.

(Фото) „Три и пол години бевме твојот мал свет“: Синот на Даниел Кајмакоски тргна во градинка

К.С.

Швајнштајгер ќе ѝ плаќа алиментација од вртоглави 45.000 евра месечно за синовите на Ана Ивановиќ

Еспресо
Се вчитува....