23:28 - 4 ноември, 2026

(Фото) Александра Пријовиќ со децата на пазар: Фотографијата ги разнежни обожавателите

Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ често е на пат поради работните обврски, а неодамна откри дека секој слободен момент го користи за да биде со своите деца. Пејачката моментално ужива во времето поминато со синот Александар и ќерката Арија, а сега покажа и како го минуваат денот.

Имено, Александра со децата заминала на пазар, па сподели прекрасен момент на кој нејзиниот син Александар ја турка помалата сестра Арија во количка. Во описот на фотографијата ставила само срце, а нема сомнеж дека оваа сцена ги разнежнила нејзините следбеници.

Инаку, Александра претходно зборуваше и за начинот на кој го воспитува својот син Александар.

„Едно време сакаше постојано да биде надвор, а потоа, откако почна повеќе да се дружи со деца, почна да гледа телефони и таблети… Се трудам што помалку да користи такви работи. Се трудам да бидеме што повеќе заедно. Кога јас бев мала, си игравме до доцна навечер. Гледам што повеќе да си игра со деца, да биде надвор. Кога бевме на патување во Америка, во еден момент од немоќ морав да му дадам телефон за да можеме мирно да ручаме. Аки најмногу го сака татко му, тоа сите околу нас го знаат, многу е приврзан за него, го обожава“, изјавила пејачката.

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....