9.8 C
Скопје
13:20 - 1 април, 2026

(Видео) Џорџина Родригез знае да позира, ама не знае да зборува: Нервозата ја „изеде“ убавицата

Вереницата на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, гостуваше на доделувањето на наградите „Џој Авардс“ во Саудиска Арабија.

Манекенката на сцената даде кратко интервју на англиски јазик, а видеото од него сега стана вирално на социјалните мрежи.

Многумина го коментираат изговорот и акцентот на Џорџина кога зборува на англиски.

– Многу сум среќна, јас и моето семејство сме многу среќни поради наклонетоста на луѓето и љубовта од сите вас. Ви благодарам многу – рече Џорџина и додаде дека „мора да оди“, водителката сепак ја запре и ѝ постави уште неколку прашања. Џорџина зборуваше за нејзиниот моден избор, а потоа водителката ја праша за животот во Ријад.

– Ова е сон. Ја сакам Саудиска Арабија, моето семејство и моите деца. Неверојатно е– изјави Џорџина. Иако зборуваше разбирливо, нејзината нервоза или трема беше очигледна, па многумина сега се шегуваат со нејзиниот говор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

„Јас кога зборувам англиски прв пат на час“, „Преслатка е, се гледа дека е нервозна“, „Шпански“, „Веројатно е многу нервозна и не знае многу англиски“, „Луѓе, не пропуштајте часови по англиски“, „Барем пробала“, „Ме потсетува на Вергара“, „Организаторот требаше да ангажира преведувач“, се дел од коментарите под видеото.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....