-0.2 C
Скопје
06:35 - 10 март, 2026

(Видео) Џенифер Лопез и Бен Афлек го собраа холивудскиот крем на божиќна забава: Бен запеа, па следуваа страстни бакнежи

Нововенчаната двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек одлучија во голем стил да ги одбележат првите заеднички празници – со гламурозна божиќна забава полна со познати гости што ја организираа во нивниот дом во Холивуд.

Странските медиуми пишуваат дека меѓу гостите биле и Ким Кардашијан, Доја Кат, Били Ајлиш, Ванеса Хаџенс, Џејн Фонда и многу други, а на социјалните мрежи кружат серија видеа во кои главните ѕвезди се Џен и Бен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ben Affleck vibes (@ben_affleckvibes)

Познатиот пар пред публиката придружувани од пијанист изведоа дует од песната на Џон Леџенд „By Christmas Eve“, а Лопез ги забавуваше своите гости пеејќи празнични хитови како „It’s The Most Wonderful Time of the Year“ и „Jingle Bells “. Во еден момент разменија страстен бакнеж и добија аплауз од присутните.

Џен за оваа пригода избра фустан во златна и зелена нијанса, кое го комплетираше со екстравагантен ѓердан со дијамантчиња, а Афлек се одлучи за едноставно црно сако и и маичка.

 

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....