6.8 C
Скопје
08:30 - 30 март, 2026

(ВИДЕО) Бен Афлек повторно се појавува во спот на Џенифер Лопез, но овој пат малку посуптилно

Во спотот за нејзината нова песна, баладата „Marry Me“, која ја изведува со Малум, Џенифер Лопез повторно го ангажирала своето момче, Бен Афлек.

„Се чувствувам многу среќна, среќна и горда што сум со него“, изјави неодамна Џенифер Лопез за магазинот „People“, а во своето последно видео покажа дел од својот живот зад сцената.

Баладата „Marry Me“ („Омажи се за мене“) може да се слушне во романтичната комедија во која Лопез ја има главната улога, а во новото видео на фановите им дава увид во својот секојдневен живот, од проби и подготовки за настапи до нежни моменти со саканиот маж. Афлек се појавува во спотот, но многу суптилно, така што лицето воопшто не му се забележува.

Ова не е прв пат Афлек да се појави во спот на неговата избраничка. Пред точно 20 години тој се појави во спотот на Џеј Ло за нејзиниот хит „Jenny From the Block“, во кој таа прикажува ситуации од нејзиниот живот, од одмор на јахта до нежни моменти со актерот, а сето тоа се одвива под будното око на папараците, кои тогаш деноноќно ги следеа.

Слични објави

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova
Се вчитува....