05:40 - 26 јуни, 2026

(Видео) Арнолд Шварценегер за строгоста кон своите деца: „Не го намести креветот, му го фрлив душекот низ прозор“

Во емисијата на Џими Кимел во живо, во која глумецот гостуваше за да ја промовира својата нова книга, Шварценегер отворено зборуваше и за својот строг однос кон неговите деца. Рече дека неговите деца морале да чистат тоалети и сами да си ја перат облеката, не им дозволувал да го бараат тоа од вработениот персонал во нивниот дом, и ги казнувал доколку се обидат да ги нарушат правилата.

76-годишниот актер, зборувајќи за својата нова книга за самопомош „Be Helpful: Seven Tools for Life“, одговараше на прашања од Џими Кимел и кога водителот го праша дали бил строг татко, тој одговори – „Па, зависи од вашата дефиниција. Мислам дека бев попустлив, но мислам дека според американските стандарди, веројатно бев строг“, рече Арнолд.

Арнолд Шварценегер, кој има четири деца – Кетрин (33), Кристина (31), Патрик (30) и Кристофер (26) – со поранешната сопруга Марија Шрајвер, не дозволувал неговите деца да се однесуваат неодговорно и опуштено.

Џими побара од Арнолд да даде пример за тоа што се смета за строго во неговиот дом.

„Мислам дека она што моите деца најмногу го паметат е кога мојот син Патрик не го намести креветот, на пример. Тој ја замоли дадилката да му го намести креветот, што не му беше дозволено. Го погледнав и го прашав: „Патрик, дали го направи тоа?“ А тој рече: „Не, не го направив тоа.“ Го грабнав душекот, ги отворив вратите, и го фрлив преку балконот во базенот“, рече Арнолд.

Тој додаде дека Патрик морал да ги донесе и душекот и перниците кои биле фрлени низ блакон назад во собата.

„Моите деца требаа сами да си го наместат креветот. Сами требаше да си го исчистат тушот, сами требаше да си го исчистат тоалетот и да си ја перат облеката“, продолжи глумецот.

Арнолд го спомена и својот 26-годишен син Џозеф Баена, од романсата со домашната помошничка Милдред Баена, кон кого исто така бил строг татко како и кон другите негови деца.

Инаку, ток-шоуто на Џими на ABC повторно почна да се емитува од понеделникот, за прв пат по завршувањето на штрајкот на холивудските работници.

Слични објави

Емина Јаховиќ проговори за естетските процедури – горко се покајала за оваа одлука

Еспресо

(Фото) Прва заедничка слика на Сара Јо и синот на Бјелогрлиќ – новопечениот пар не се одвојува

Еспресо

(Фото) Шок среде улица – Ѓина Џиновиќ се сликаше седната во ќеса

Еспресо

Историја – Игор Џамбазов сподели вредна архивска снимка од татко му Александар

Еспресо

Ќе ти донесам 24 бели рози – мајката на Фросина Кулакова со срцепарателен статус за нејзиниот роденден

Еспресо

Десингерица живее во скромен стан, а пред него паркирано ферари, вози автомобили од 2 милиони евра!

Еспресо
Се вчитува....