06:57 - 14 ноември, 2026

(Фото) Игор Којиќ ја покажа саканата жена: Неверојатно личи на Северина!

Емотивниот живот на Игор Којиќ во последно време е прилично турбулентен. Од разводот со Северина, многумина се прашуваа кој го освои неговото срце, а потоа во јавноста се појавија информации за неговата врска со младата српска актерка Теодора Бјелица.

Двојката раскина по неколку месеци врска, а емотивниот живот на Игор Којиќ повторно стана тема за трачарење.

Теодора Бјелица, инстаграм

– Игор и Теодора раскинаа пред неколку недели. Иницијатор беше Теодора, која сфати дека Игор воопшто не е за неа. Така и велеа сите нејзини пријатели, но таа беше навистина вљубена во него. Меѓутоа, со текот на времето почнале несогласувањата, и конечно сфатила дека Игор не сака сериозна врска, па затоа и не е за неа. Сето тоа почна да ја гуши. Таа седна да разговара со него и му објасни дека засега најдобро е да направат пауза. На Игор не му беше драго, но се согласи со нејзината одлука. Не патеше долго, по некое време почна да излегува со друштвото. Навистина се опушти, па никој не треба да се чуди ако наскоро најде нова девојка – изјави за српските медиуми извор близок на Игор.

Дали Игор си нашол или не нова девојка во меѓувреме, не е познато. Но тој откри која е најважната жена и најголемата љубов во неговиот живот.

принтскрин

Имено, Игор објави на Инстраграм фотографија од својата сестра Наташа, и собра бројни комплименти на сметка на нејзината убавина, а многумина забележаа и дека неверојатно личи на Северина.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....