30.4 C
Скопје
17:17 - 10 јули, 2026

ВИДЕО/Ангела Меркел, во првото интервју по заминувањето од власт, зборуваше за здравствените проблеми: „Ќе треба да научам да живеам со тоа“.

Како што пишува германски Bunte, поранешната германска канцеларка Ангела Меркел конечно проговорила за своите здравствени проблеми, поточно за треперењето кое меѓу другото го припишува и на реакцијата на смртта на нејзината мајка.

Како што признала, во тоа време била крајно исцрпена, а смртта на нејзината мајка влијаела повеќе на неа отколку што била свесна. Нејзината мајка почина во април 2019 година, а Меркел сега разговараше за тоа со новинарот Александар Осанг.

Како што рече, 2019 година ѝ била исклучително тешка, а сè се случило за само три недели. Но, таа ги увери сите дека нејзините колеги залудно се грижат за неа, велејќи дека е способна да продолжи да работи како канцелар.

„Очигледно сè уште не е готово, но има напредок и ќе морам да научам да живеам со тоа, барем засега. Верувам дека еден ден сето тоа ќе исчезне, исто како што дојде, но тоа време сè уште не е дојдено“, рече Меркел, која за време на нејзиниот мандат доживеа четири такви напади на треперење во јавност.

Првиот се случи во 2017 година во Мексико Сити на прием организиран од тогашниот претседател Енрике Пења Нието. Нозете тогаш видно ѝ се тресеа додека се слушаше националната химна, а ѝ беа потребни неколку моменти да се смири.

Тогаш како причина за нејзиното треперење беше наведено објаснување дека канцеларката пиела премалку вода и дехидрирала. Истата причина беше спомната и при средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, оправдувајќи се со големите горештини во средината на јуни, а само девет дена подоцна повторно ѝ се случи истото при претставувањето на новата министерка за правда, Кристин Ламбрехт.

Според прирачникот за дијагноза и терапија на MSD, треморот се карактеризира со ритмички, наизменични или осцилирачки движења и може да биде поврзан со зголемување на движењата, примарно нарушување или симптом на оштетување на малиот мозок или пак Паркинсонова болест.

Слични објави

(Фото) Маја Николиќ воодушевена од несекојдневна глетка на Халкидики: „Ова во животот не сум го видела“

Еспресо

Јелена Карлеуша откри низ каква криза финансиска поминувала и јавно му се заблагодари на Жељко Митровиќ: „Ми подаде рака кога ми беше најтешко“

Еспресо

„Многу ми е жал…“: Прво огласување на Мина Костиќ по пеколот низ кој помина и сместувањето во психијатриска клиника

Еспресо

Босна и Херцеговина нема да настапи на Евровизија ни во 2027 година

Еспресо

(Фото) Му прекипе на Бајага — го навреди следбеникот со „примитивен коњ“ по жестока расправија на Инстаграм

Еспресо

Соседите на Јаков Јозиновиќ го „разврзаа“ јазикот за младиот пејач: „Тој отсекогаш беше…“

Еспресо
Се вчитува....