11.8 C
Скопје
14:31 - 29 март, 2026

ВИДЕО | 52 ДЕНА ГО КРИЕЛ НА СЕЛО: Седумгодишно дете извлечено од канџите на педофил по цели 52 дена

Во драматична акција руски специјалци спасија седумгодишно дете кое беше грабнато од страна на педофил кон крајот на септември додека се враќало од училиште.

По 52 дена детето е вратено кај родителите, а снимките покажуваат дека осомничениот педофил добро се забарикадирал во куќа во селото Макариха, источно од Москва, со појачана метална врата.

Спасувачката операција ја координирал Интерпол, откако службеник на безбедносна агенција во САД забележал корисник од темната мрежа кој бил потенцијално врзан со киднапирањето.

Детето чие име не се наведува, физички не е повредено, а осомничениот е 26-годишен жител на селото Макариха, а „Дејли Мејл“ објави дека во прашање е Дмитриј Копилов и дека е обвинет за сексуално злоставување на детето.

На снимката која ја објави руското МВР, се слуша како осомничениот на полицијата ѝ вели дека детето е во подрумот од куќата и си игра на компјутер.

Детето е грабнато на 28. септември во селото Горки кога излегол од училишниот автобус и тргнало пешки дома. Речиси 3.000 луѓе учествуваа во масовната потрага по него. Таткото на детето подоцна изјави дека момчето го прегледале лекари и дека физички бил добар. За семејството и за детето исто така и поддршка од психолог.Осомничениот рекол дека „го расипал“ момчето, но негирал силување, наведувајќи дека сакал да почека додека тоа да дојде „на одредена возраст“.

Спасеното дете е најмладо од четирите деца во куќата во Горки. Киднаперот пак живеел на 20 километри од нивната куќа.

Teкстот е преземен од slobodenpecat.mk со претходна дозвола од порталот.

Слични објави

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо
Се вчитува....