17:40 - 30 јануари, 2026

ВЕЧЕН НЕПРЕБОЛ: На денешен ден светот ја изгуби принцезата Дијана на само 36 години

дијана принцеза

На денешен ден омилената принцеза на целиот свет го загуби животот на само 36 години, оставајќи го светот во шок. Дијана беше најпозната по својот опуштен стил и по нејзината хуманитарна работа.

На 31 август 1997 година, нешто по полноќ во тунелот Пон де лА Алма во Париз принцезата Дијана во црниот Мерцедес бегајќи од папараците, трагично го загуби својот живот. Под неразјаснети околности, автомобилот изгубил контрола и удрил во столб…

„Боже, што се случи?“, Дијана ги прашала докторите кои први ѝ пришле на местото на несреќата, и тоа биле нејзините последни зборови, пишува „Дејли Мејл“.

Заедно со Дијана во автомобилот, заедно со возачот и телохранителот, бил и Доди Фајед, египетскиот режисер и син на многу попознатиот милијардер Мохамед Ал Фајед.

„Беше во шок, не знаеше што се случило. Ја извлековме од возилото, и штом ја легнавме, на принцезата ѝ застана срцето“, изјавил докторот кој меѓу првите пристигнал на местото на несреќата.

Принцовите Вилијам и Хари го обвинија новинарот Мартин Башир за неетичко однесување што ја предизвикало трагедијата.

„Домино ефектот на културата на искористување и неетички практики на крајот ѝ го одзеде животот“, во една прилика истакна Хари.

Мартин Башир, новинар на „Би -Би -Си“, кој со измама ја убеди принцезата Дијана на експлозивно интервју, им се извини на принцовите Вилијам и Хари, но рече дека е „неразумно“ да се поврзат неговите постапки со нејзината смрт.

Во интервјуто, покојната принцеза Дијана откри многу интимни детали за нејзиниот брак.

Дијана оваа година ќе наполнеше 60 години, па нејзините синови ја открија нејзината статуа во градината на Кенсингтонската палата во Лондон, каде што живееше.

Дијана Спенсер се омажи во 1981 година со тогаш 12 години постариот принц Чарлс, од кого се разведе во 1996 година, точно една година пред нејзината смрт. Потоа, Чарлс се ожени со Камила, со која исто така бил во врска за време на бракот со Дијана.

 

После тоа, принцезата започна врска со Фајед, во чие друштво се чини дека за последен пат уживаше тоа кобно лето.

Принцезата беше омилена меѓу Британците, а покрај својот гламурозен живот, се истакнуваше и со својата исклучителна хуманитарна работа низ целиот свет.

Слични објави

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо
Се вчитува....