03:16 - 10 ноември, 2026

Вечен е Бог, небото, земјата и спомените: Нова приказна за Дракче

„Вечен е Бог, небото,  земјата и спомените“, пишува на фејсбук-профилот на нашата позната водителка Драгица Стефковска-Дракче, сопруга на пејачот Орце Стефковски.

Покрај овие зборови, Дракче објавила фотографија од неа, по тешката битка со лошата болест и операциите за кои отворено зборуваше, и доби голема поддршка од пријателите за добро здравје.

Откако Дракче во октомври повторно беше во болница од каде што објави фотографии, за нејзиното здравје се огласи нејзината ќерка Ане Стевковска-Маневска.

Сопругата на пејачот Орце Стевковски објави фотографија од болница и напиша: „Небото ме поздрави денес со срциња и ангелски криља“.

Потоа ќерка ѝ се огласи на својот фејсбук-профил за да ги извести пријателите каква е состојбата  на мајка ѝ: „Мама е добро. Ти благодарам ти Господе!  Ви Благодарам на сите за грижата и упатените молитви“, напиша таа на Фејсбук.

Откако во јули беше оперирана, Дракче на Фејсбук напиша: „Јас, вашата Дракче кога ја слушнав мојата последна дијагноза земав лист и пенкало и си напишав протокол за мојот погреб. Потоа го објаснив на моте деца и сакав сè да биде скромно како што сум и самата јас.

И што ако умрам јас од смртта не се плашам затоа што јас ќе продолжам да живеам во срцето на моите блиски“.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....