7.8 C
Скопје
10:04 - 1 април, 2026

„УТРЕ ЌЕ ГО ИСПРАТИМЕ ВО ВЕЧНОСТА ТАТКО МИ АЛЕКСАНДАР“: Игор Џамбазов се обрати до сите кои сакаат да се збогуваат со омилениот маестро

Македонија пред два дена се прости со својот маестрален диригент и композитор Александар Џамбазов. Веста за смртта на маестро Џамбазов ја соопшти неговиот син Игор на социјалните мрежи, а потоа се огласи и неговата сестра, Тања.

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ: Почина маестро Александар Џамбазов

Денес, на својот инстаграм – профил Игор се обрати до сите кои сакаат да се збогуваат со омилениот маестро.


„Драги пријатели. Утре ќе го испратиме во вечноста татко ми Александар, вашиот омилен маестро, чичко Ацо, Џамбаз… Комеморацијата ќе биде во МОБ во 10 часот, а погребот во 12 часот. Семејството Џамбазови ви благодари за подршката и убавите зборови. Ве известуваме дека погребот ќе биде од затворен тип, се заради ковид-протоколите. Сите што ќе сакате да му кажете последно збогум, ќе можете да го направите тоа од сабота, па натаму. Ве молиме за разбирање“ – стои во обраќањето на актерот.

Маестро Џамбазов завршил музичка академија во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио – телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tanja Dzambazova (@tatjanadzambazova)


Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство. Добитник е на над педесетина награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tanja Dzambazova (@tatjanadzambazova)


Џамбазов е автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.

(ФОТО) ИЛИНА АРСОВА СЕ ПРОСТИ ОД МАЕСТРО ЏАМБАЗОВ: Ние вака ќе си се памтиме, насмеани и ведри…

(ВИДЕО) ТАЊА СЕ ПРОСТИ ОД СВОЈОТ ТАТКО: Ќерката на маестро Џамбазов објави прекрасен документарец во спомен на својот татко

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....