16:36 - 1 април, 2026

УШТЕ ЕДНА МИЛИОНСКА МУЗИЧКА ЗДЕЛКА: Боб Дилан го продаде целиот снимен музички каталот на Сони

Боб Дилан

Боб Дилан го продаде целиот снимен музички каталот на „Sony Music“, во најнова зделка. Договорот, завршен минатиот јули, вклучува: од класичните албуми од 1960-тите како „Blonde On Blonde“, до неговото последно издание, „Rough And Rowdy Ways“ од 2020 година.

„Billboard“ пишува дека каталогот вреди околу 200 милиони долари, врз основа на годишни приходи од околу 16 милиони долари.

ЗОШТО ТОЛКУ ВРЕДАТ: Брус Спрингстин ги продаде правата на својата музика за 500 милиони долари

Дилан претходно ги продаде правата на издавање на „Universal Music“ за 400 милиони долари. Тој договор ги опфати правата на стиховите и композициите на Дилан, кои „Sony“ претходно ги администрираше надвор од САД.

НАЈДОБРИТЕ 100 ПЕСНИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА: Ранг-листа на „Ролинг Стоун“

Но, продукциската куќа се бореше да ги задржи правата на дискографијата на Дилан, вклучително и 39 студиски албуми, 16 „бутлег“ компилации на изданија и необјавен материјал што би можел да се состави и издаде во иднина.

Како еден од највлијателните и најреволуционерните уметници во рокенрол историјата, Дилан стана првиот текстописец на кој му беше доделена Нобеловата награда за литература во 2016 година, а има продадено повеќе од 125 милиони плочи ширум светот.

ПЕСНИТЕ НА ДЕЈВИД БОУВИ ВО РАЦЕТЕ НА „ВОРНЕР МЈУЗИК“: Музиката на пејачот е во сигурни раце

Слични објави

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо
Се вчитува....