12:04 - 8 ноември, 2026

Уште еден руски милионер падна од прозорец – пред два дена почина и неговиот пријател

Рускиот тајкун Павел Антов е пронајден мртов во хотел во индискиот град Раџагада, два дена откако неговиот пријател Владимир Буданов почина на истото патување.

Според руските медиуми, 65-годишниот Антов, познат и како локален политичар во градот Владимир, на 25 декември паднал од прозорецот на хотелската соба.

Буданов, еден од тројцата Руси со кои Антов патуваше, почина во истиот хотел на 23 декември.

Смртта на милионерот, кој го прослави својот роденден во хотелот, е последната во низата мистериозни смртни случаи на руски тајкуни од почетокот на руската инвазија на Украина. Некои од нив отворено ја критикуваа таа војна.

Антов летово преку апликацијата „ВоцАп“ (WhatsApp) остро ја критикуваше руската војна во Украина, а потоа тврдеше дека не ја објавил таа порака, дека е поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин и на руската инвазија.

Според индиската полиција Буданов починал од мозочен удар, а Антов потоа „бил депресивен“ и „исто така починал“.

Антов беше основач на фабриката за преработка на месо „Владимир стандард“, а во 2019 година Форбс го процени неговото богатство на околу 140 милиони долари, што го стави на врвот на листата на богати руски пратеници и државни службеници.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....