11.8 C
Скопје
16:20 - 30 март, 2026

Убавата сопруга на Хакими поднесе развод, по обвинувањата за наводното силување: Фудбалерот има две деца и важи за побожен

Шпанската актерка Хиба Абук одлучи да ја прекине врската со фудбалерот на ПСЖ, Ахраф Хакими, кој е под истрага за наводно силување на 24-годишна жена.

Како што пренесуваат различни медиуми во Шпанија, таа покренала бракоразводна постапка, бидејќи нивната врска веќе извесно време е во криза, со оглед на тоа што имаат различни визии за животот, а се кулминирало откако Ахраф бил обвинет за силување.

Во меѓувреме, француското обвинителство отвори истрага за наводното силување на десниот бек на ПСЖ, откако 24-годишна жена го обвини мароканскиот репрезентативец дека ја силувал во неговиот дом во предградието на Париз на 25 февруари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hiba Abouk (@hiba_abouk_)

Хакими и наводната жртва почнале да се допишуваат во средината на јануари на Инстаграм, а оваа сабота, на 25 февруари, младата жена отишла во куќата на играчот во Булоњ, каде што се случило наводното силување.

Хакими беше во мароканската репрезентација која заврши на четвртото место на Светското првенство во Катар и очигледно бил сам дома викендов, бидејќи неговата сопруга Хиба и нивните две деца беа на одмор во Дубаи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hiba Abouk (@hiba_abouk_)

Адвокатот на мароканскиот играч Фани Колин ја демантираше верзијата на наводната жртва.

„Обвиненијата се лажни, а Хакими е мирен и достапен за правдата“, коментира таа. Од друга страна, неговиот сегашен клуб ПСЖ јавно му покажа поддршка на фудбалерот, бидејќи сметаат дека е невин.

Мароканскиот фудбалер Ахраф Хакими пред две години се пресели од Интер во ПСЖ за 71 милион евра. Оженет е за шпанската актерка со либиско потекло, има два сина и важи за многу побожен фудбалер, но сега минува низ многу деликатен период во животот.

 

Слични објави

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin
Се вчитува....