8.8 C
Скопје
21:42 - 9 март, 2026

Трогателна исповед на Џорџина Родригез за загубата на синот: Тоа е нешто што ќе ме следи до крајот на животот

Џорџина Родригез позираше за шпанското издание на магазинот „Elle“ и во таа прилика проговори за сите настани со кои се соочи нејзиното семејство во изминатата година.

Таа се осврна и на најтешкиот момент кога го загуби новородениот син.

Во октомври 2021 година, Роналдо и Џорџина открија дека очекуваат близнаци. Сепак, нивниот син почина за време на породувањето на 18 април, додека нивната ќерка Бела Есмералда, која сега има осум месеци, преживеа.

– Оваа година ми беше најкомплицирана во животот, најсреќниот момент стана најтажен. Тоа е нешто што ќе ме следи цел живот и што нема да можеме да го заборавиме, изјави таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Таа зборуваше и за врската со Роналдо и истакна дека е свесна дека романсата со него и овозможила да си ги исполни соништата. Понатаму објасни дека секогаш ја имала истата страст за секоја работа што ја работи, без разлика дали е чистачка, продавачка или модел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

– Јас сум девојка на најдобриот фудбалер на светот, но нема потреба луѓето, а многу од нив се жени, да го користат тоа на погрден начин, рече таа.

И покрај славата и се што има, таа потсети дека никогаш нема да заборави од каде доаѓа и дека во моментов нема ништо поважно од нејзиното семејство.

 

Слични објави

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.

Ѓорѓе Давид доживеал пекол окако објавил фотографија од болница: „Видов кои ми се вистински пријатели“

E.A.

Реакцијата на Ана Бекута на прашањето за Зорица Брунцлик предизвикува солзи во очите: Покажала кон срцето, а потоа открила што ѝ испратила

Еспресо

Милица Тодоровиќ тајно го организира крштевањето на новородениот син Богдан, избрала и место за убавиот чин

Еспресо
Се вчитува....