3.8 C
Скопје
11:13 - 21 декември, 2024

Тина Величковиќ, режисерка во подем: Финансиските недостатоци нè тераат на нови решенија

Величковиќ е од ретките наши млади кои сфатиле дека каде ѝ да оди, без разлика дали за образование или за работа, сака да се врати и да работи тука. Вели дека сака да собира искуства и знаења надвор од Македонија, но да ги вложува во родната земја.

Тина Величковиќ е скромна, амбициозна и многу посветена студентка по филмска и тв режија на Факултетот за драмски уметности. Секогаш спремна да помогне и да соработува, оваа ведра девојка е нашиот нов уметник во подем.

Кој ти е омилен проект и зошто?

– Со оглед на тоа дека сè уште студирам, немам голем број на проекти од кои што можам да избирам, но за сега тоа е „Прогестерор“, филм од четврти семестар. Најверојатно ми е омилен поради процесот на создавање на филмот, бидејќи сите кои бевме вклучени во тоа имавме многу желба и љубов кон проектот и го дадовме најдоброто од себе и тоа резултираше со позитивен одек што е дополнителна мотивација за понатамошната работа не само за мене, туку и за сите што беа дел од екипата.

Што по дипломирање?

– Мастер? Можеби, некаде надвор од државата. Но, сфатив дека каде и да одам, без разлика дали за образование или работа, сакам да се вратам и да работам овде. Сакам да имам можност да ги соберам искуствата и знаењата од надвор и да ги вложам тука.

Какви се студиите по филмска и тв режија на факултетот за драмски уметности?

– Студиите се во зависност од тоа како се поставуваш кон нив. За мене се многу забавни, креативни, но и стресни кога доаѓа процес на снимање. Испитите се полагаат со нешто што ќе го создадеш ти самиот, без разлика дали станува збор за филм, сценарио, драмски текст или претстава и во тој аспект мислам дека ФДУ се разликува од другите факултети. Во тој процес да создадеш нешто, најчесто ти е потребна помош од колегите бидејќи поголемиот дел од работите што ги правиме се тимски. Кон овој соживот помеѓу колегите на факултетот се вклучуваат и дружбите во бифето на ФДУ, каде што покрај добри пријателства, се раѓаат и добри идеи за филмови. Така што, да сумирам, не очекував дека ФДУ се разликува и според духот и според функционирањето толку многу од другите факултети и дека тој начин на функционирање ќе ми се допадне.

Која е твојата идеална замисла за финансирање на студентски проекти?

– Мислам дека финансирањето на студентските проекти треба да започне во третата година студии пред сè бидејќи прво треба да се научиме дека не ни е сè ,,сервирано на тацна’’. Односно треба да научиме да се снаоѓаме со тоа што го имаме на располагање, а кога нема финансии најчесто и немаме многу работи на располагање, па така тие недостатоци нè тераат на нови размислувања и решенија што некогаш се покреативни и пофункционални. Затоа, откако ќе го надминеме тој чекор, во трета година би требало да се додели некој симболичен износ на средства кој ќе ги задоволи само неопходните трошоци за снимање филм. И, за крај, бидејќи во четврта година се работи дипломскиот филм кој се смета за прв професионален филм, сметам дека така треба ѝ да биде направен: со буџет за краткометражен филм затоа што излегуваме од факултетот без претстава за тоа колку пари реално се потребни за создавање на филм.

Дали режираш само свои сценарија или и туѓи?

– Праксата на факултетот налага ние самите да ги пишуваме сценаријата за сопствените филмови, се разбира во консултација со професорите, ретко се случуваат соработки помеѓу студент по филмска режија и студент по драматургија. Затоа, би сакала во периодот што следува да се обидам да режирам туѓо сценарио и да видам како ќе се снајдам со тоа.

Колку сценарија чуваш во „фиока“?

– Неколку за кои се надевам дека ќе се реализираат во даден момент. Поточно, не чувам сценарија во фиока туку идеи запишани на стикери и залепени до она што ми било најблиску во моментот. Кога ќе заслужат идеите се преточуваат во сценарија и се складираат во фиоката со надеж дека еден ден ќе се реализираат.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо
Се вчитува....