09:41 - 5 декември, 2025

Тејлор Свифт ја продолжи својата турнеја: Одржа феноменален концерт во Лондон

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт во четвртокот ја продолжи својата турнеја „Eras“ во Лондон, која обожавателите со нетрпение ја очекуваа откако минатата недела беа откажани нејзините три концерти планирани во Виена, кои беа цел на самоубиствен бомбашки напад.

Американската пејачка го започна првиот од петте планирани концерти на стадионот Вембли со нејзиниот хит „22“ облечена во маица со натпис „a lot going on the moment“, очигледно мислејќи на бурниот период низ кој штотуку помина.

Заедно со настаните во Виена, концертите во Лондон доаѓаат две недели по смртта на три девојчиња во северозападна Англија, кои беа избодени до смрт додека учествуваа на час по танц за поп музика.

Од почетокот на попладневните часови, стотици „Свифтoвци“ се собраа околу стадионот „Вембли“, кој пречекува околу 90.000 луѓе на последните европски концерти од нејзината турнеја што започна пред речиси година и половина во САД.

„Тоа е лудо, не се чувствува како реално“, вели 23-годишниот студент Броди Мекартур.

„Чекањето на концертот беше мачно, но конечно сме тука“, додаде 28-годишниот болничар Хуан Рамирез, кој дојде од Калифорнија за концертот. Тој призна дека се плашел дека американската ѕвезда ќе ги откаже и концертите во британската престолнина.

Минатата недела три нејзини концерти планирани во Виена беа откажани во последен момент, откако беше откриен планираниот самоубиствен напад на џихадистите, во кој три лица беа приведени.

Лондонската полиција соопшти дека е подготвена за концертите, нагласувајќи дека контролата на билетите ќе биде засилена, заедно со дополнителни безбедносни мерки околу стадионот.

На веб-страницата на Вембли, купувачите на билети се предупредуваат дека „ќе бидат извршени дополнителни проверки“ на стадионот „пред влезот“.

Нејзините концерти во Лондон доаѓаат речиси две недели по убиството на три девојчиња во напад со нож во Саутпорт, северозападна Англија, што предизвика бран ксенофобични немири во земјата.

Децата на возраст од шест, седум и девет години присуствувале на час по танц на песни од Тејлор Свифт, која на социјалните мрежи изјави дека е „целосно шокирана“.

Би-Би-Си во четвртокот објави дека поп-ѕвездата, која одржува блиски односи со своите обожаватели, ги контактирала семејствата на жртвите по нападот.

Сепак, таа се уште не ја коментираше одлуката за откажување на концертите во австриската престолнина.

Поп-ѕвездата не ги разочара обожавателите на својот прв концерт во Лондон. Таа на сцената го донесе и англискиот музичар Ед Ширан со кој изведе неколку песни на кои соработуваа.

Со Лондон ќе се заврши европската етапа на турнејата, која започна во мај во Париз. Глобалната ѕвезда потоа ќе отпатува во Канада на последните концерти од ноември.

На крајот на минатата година „Ерас“ стана првата турнеја во историјата на која биле продадени повеќе од милијарда долари во билети.

Слични објави

Мал сончев зрак води низ облачно небо: Лична приказна на Илина Арсова

msp-admin

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо

Српска пејачка далa 300 евра за да биде во шоуто на Цеца Ражнатовиќ, па сурово била измамена

Еспресо

„Немам дeнар, не сум работела шест месеци“: Пејачката Мина Костиќ се „дави“ во проблеми

Еспресо
Се вчитува....