02:37 - 7 април, 2026

ТАЖНА ВЕСТ: Почина легендарниот актер Дин Стоквел

дин стоквел

Актерот Дин Стоквел почина на 85-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми.

Ѕвездата на „Quantum Leap“ кој беше најпознат по улогата на адмиралот Ал Калавичи заедно со Скот Бакула во американската научно-фантастична серија, починал во неделата наутро (7 ноември) од природна смрт.

Претставник на актерот за „ТМЗ“ изјавил дека Дин Стоквел починал „мирно“ во својот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Riot Style®️ (@riotstyle)

Холивудската кариера на Стоквел траеше седум децении, а неговата работа на „Quantum Leap“ – во која тој се појави во сите 97 епизоди помеѓу 1989 и 1993 година – му ја донесе наградата Златен глобус во 1990 година. Ликот кој го толкуваше Стоквел де факто беше контраст со физичарот на Бакула, д-р Сем Бекет.

Стоквел се повлече од актерството во 2015 година и почна да се занимава со уметност под неговото целосно име Роберт Дин Стоквел.

*Преземено од Слободен Печат

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....