19.8 C
Скопје
01:34 - 11 октомври, 2026

„ТИЕ СЕ НАЈДОБРИОТ РОК БЕНД ВО ИСТОРИЈАТА“: Пол Макартни откри за кој бенд смета дека се поголеми од Битлси!

пол макартни

Пол Макартни (79) изјави дека повеќе ги цени „The Everly Brothers“, познато американско рок, поп и кантри машко дуо, кое дефинитивно влијаело на развојот на музиката во минатиот век, повеќе од неговиот бенд Битлси, пренесува „Дејли Меил“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul McCartney (@paulmccartney)

Пејачот ја откри шокантната забелешка во својата најнова книга „The Lyrics“ – додавајќи дека Џон Ленон исто така бил под силно влијание на покојното дуо. Тој напиша: „Најголемото влијание врз Џон и мене имаа The Everly Brothers. До денес, мислам дека тие се најдобри. Тие беа различни“.

„Ги идолизиравме затоа што нивниот бенд имаше само двајца членови, а тие беа многу згодни. Сакавме да бидеме како нив“, заклучи славниот пејач. „The Everly Brothers“ – е дуо составено од браќата Фил и Дон Еверли и го држат рекордот на дуо со најмногу синглови во категоријата топ 100.

Врвот на нивниот успех е во 1950-тите и 1960-тите, кога кантри пејачите снимија речиси триесетина хитови на табелата Billboard Hot 100. По разделба во раните 1970-ти, повторно се обединија во 1983 година.

Тие ја започнаа својата кариера на кантри музичката сцена во Нешвил, а во 1957 година постигнаа успех со хитот „Bye Bye Love“. Со овој хит тие го освоија првото место на кантри листите, па дури и второто место на поп-листите. Следеа бројни хитови, од песни напишани од други како „Wake Up Little Susie“ до песни напишани од самиот Дон, како што се „Cathy’s Clown“ и „(Til) and Kissed You“.

ЗОШТО СЕ РАСПАДНАА БИТЛСИ? Пол Макартни ја открива причината

Слични објави

Дара Бубамара поради нарушеното здравје го одложи настапот во Германија за јануари

Еспресо

(Фото) Маја Шупут повеќе не го крие дечкото, објави фотографии на кои се бакнува со Емил  

Еспресо

Сека Алексиќ во центарот на шпекулациите по објавите на младата пејачка за украдени песни

Еспресо

Весна Змијанац со потресна исповед за најболните моменти од животот: Изгубив два сина…

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ ужива во луксузот на Капри – прошета во секси модно издание низ улиците на монденскиот град

Еспресо

Половина век без Силвана Арменулиќ – легендарната пејачка загина во страшна сообраќајна несреќа, а околностите за нејзината смрт и понатаму се мистерија

Е.А.
Се вчитува....