29.7 C
Скопје
09:23 - 27 јуни, 2026

(ФОТО) ДЕНЕС СТАРТУВА ЈУБИЛЕЈНИОТ 20. OFFEST

Отворањето на дваесеттото издание на OFFest (9-13 ноември), односно првиот фестивалски ден, ќе биде целосно во знакот на фадото. Конечно, по неколку одложувања, откажувања и презакажувања, предизвикани од пандемијата, во Скопје ќе го видиме извонредното португалско-шпанско дуо ЛИНА И РАУЛ РЕФРИ, чиј настап е закажан за 20 часот во Националната опера и балет. Претходно, во Младинскиот културен центар – Кино Фросина, со почеток во 18 часот, ќе биде прикажан докуменарниот филм “The Art of Amália” (Уметноста на Амалија), посветен на големата фадо легенда – најголемата португалската пејачка ѕвезда Амалија Родригез.

фото: приватна архива

Двајцата неверојатно талентирани и реализирани музичари – Шпанецот РАУЛ РЕФРИ, еден од најиновативните светски продуценти во последната деценија (Росалиа, Силвиа Перез Круз, Ли Раналдо од Sonic Youth итн.) и истакнатата португалската пејачка ЛИНА, со класично образование, два албума за Sony Music и експерт за Амалија Родригез – се запознале при еден нејзин настап во култниот „Clube de Fado“ во Лисабон, создавајќи извонредно моќна, возбудлива и оригинална музичка врска. Лина направила избор од класиците на фадо дивата и тие веднаш пристапиле кон работа во студио на нивниот заеднички проект. Раул креира сосема нова звучна подлога за нејзините фасцинантни интерпретации на класичниот репертоар на големата кралица на фадото, со брилијантни аранжмани, комплетно нов, неиспробан пристап и уникатен електронски поглед кон фадото, истакнувајќи ја нејзината универзална димензија. Заменувајќи ги гитарите со пијано и аналогни синтисајзери, тие ја реобмислуваат популарната музичка форма, задржувајќи ја притоа раскошната убавина на мелодиите и копнежливоста на поезијата, толку витален дел од традицијата. Нивниот албум “Lina_Raül Refree” (Glitterbeat, 2020), испорачува модерно, осовремено и надградено фадо, звук што ги надминува тесните географски ограничувања. Тој е веќе препознаен од страна на критиката како едно од насвежите и највозбудливите музички изданија во последниве неколку години.

фото: приватна архива

Концертот на ЛИНА И РАУЛ РЕФРИ, прв во низата планирани за годинешното 20. издание на ОФФест, е веќе распродаден.

Слични објави

Пајак емотивно за родителите: „Да не биде доцна, не дај Боже – да си ги почитувате и да им се јавувате“

Еспресо

Хороскоп за 27 јуни: Раковите ќе уживаат со партнерот, Јарците ќе започнат со нови проекти

Еспресо

(Фото) Насмевка – Лозано сподели преубав семеен момент со синот Марко

Еспресо

(Фото) Маја Николиќ ја отвори летната сезона – пејачката позираше во бикини покрај плажа

Еспресо

(Фото) Се огласи Каспер по целата драма со Мина Костиќ – ги изненади сите со емотивна порака

Еспресо

(Фото) Wood Room ја враќа природата во домот – изберете квалитетни маси што ќе ви го облагородат просторот

Еспресо
Се вчитува....