00:27 - 5 февруари, 2026

ТАТКОТО НА БРИТНИ СПИРС БАРА ПРЕКИН НА СТАРАТЕЛСТВОТО: Ѝ посакувам сè најдобро

бритни спирс џејмс спирс

На сослушување во јуни, Бритни Спирс пред судот рече дека старателството кое започна во 2008 година е навредливо и понижувачки и побара да му се одземе правото на нејзиниот татко да управува со нејзиниот живот и имот од 60 милиони долари.

Џејмс Спирс побара од судот во Лос Анџелес да го прекине 13-годишното старателство над неговата ќерка и поп-пејачка Бритни Спирс, објавија медиумите во средата.

„Г-дин Спирс е подготвен да се повлече кога е вистинското време“: Што значи тоа за Бритни Спирс?

Таткото на пејачката поднел тужба во август во која рекол дека е подготвен да се откаже од улогата на старател. Во новиот документ, тој бил уште појасен и побарал од судот целосно да го прекине старателството.

Џејмс изјавил дека пејачката „има право судот сериозно да размисли дали е потребно старателство“ и дека нејзините околности се смениле „до тој степен што основите по кои му е доделено старателството можеби веќе не постојат“, објавија американските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

„Ѝ посакувам сè најдобро, треба да добие шанса да се докаже. Верувам дека сега може да управува со својот живот“, истакнал таткото на Бритни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KB Pop Culture (@kbpopculture)

На сослушување во јуни, Бритни Спирс пред судот рече дека старателството, кое започна во 2008 година, е навредливо и понижувачки и побара нејзиниот татко да биде лишен од правото да управува со нејзиниот имот од 60 милиони долари.

Судското рочиште за предлогот на Бритни Спирс е закажано за 29 септември во Лос Анџелес.

Слични објави

Едита шокираше со објава на социјалните мрежи: Пие пиво и им порачува на хејтерите – „Не ми држете предавања“

Е.А.

Еве каде ќе живее Милица Тодоровиќ со синот: Луксузен стан, квадратен метар чини и до 5.000 евра!

Еспресо

„Ќе ти ги скршам сите вештачки заби“: Мина Костиќ и Каспер добиваат страшни закани

Е.А.

„Да ми палат свеќи затоа што им ги спасив браковите!“: Јована Јеремиќ откри детали од приватниот живот

Еспресо

Прво огласување на Милица Тодоровиќ по породувањето

Е.А.

(Видео) Маја Оџаклиевска се повлече од сцената за да се грижи за внукот, но сега повторно запеа

Еспресо
Се вчитува....