26.8 C
Скопје
15:16 - 6 октомври, 2026

КОЛАЧ СО СОСТОЈКИ СПОМЕНАТИ ВО БИБЛИЈАТА: Слаткарот сака Папата Франциск да го проба десертот

Слаткарот по име Золт Карл направил специјален колач наречен „Залак од рајот“, користејќи овошје кое се споменува во Библијата и се надева дека Папата Франциск ќе го вкуси неговиот десерт за време на неговата посета на Унгарија.

Папата Франциск во недела треба да пристигне во Унгарија, за да одржи миса на историскиот Плоштад на хероите во Будимпешта. Потоа истиот ден ќе отпатува за Словачка, каде што ќе одржи миса на отворено на 15 септември во Сатин, место за аџилак во западна Словачка.

Карл, кој има своја слаткарница во малиот град Дунахарасти, јужно од Будимпешта, победил на националниот натпревар за најдобар колач, кој за првпат оваа недела се служел на Евхаристискиот конгрес во Будимпешта.

„Готвев шеќерен сируп со цимет и мед и ставив исечени парчиња сушено овошје. Експериментиравме со соодносите на сушено овошје, така што оној што го јаде колачот чувствува различни вкусови на секои 5-10 секунди“, открил тој.

Според условите на натпреварот, колачот морал да биде едноставен, да трае подолго време без ладење и да биде направен од состојки од Библијата, како што се смокви, урми, кајсии, сливи и мед.

Карловиот колач бил сличен на колачот со афион или ореви, исполнет со суви смокви, урми и кајсии, како и захаросани цреши, кора од портокал и печени бадеми.

„Навистина се надевам дека Папата ќе го проба нашиот колач“, рече Карл.

Слични објави

Наташа Беквалац повторно е слободна? Наводно ја прекинала врската со поранешниот фудбалер

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров го зеде малиот Лука од болница, па порача: „Победив“

К.С.

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ сподели емотивна објава посветена на ќерката: „Јас те родив и засекогаш ќе…“

Еспресо

(Фото) Машките одела од „Капитол“ – елеганција со совршен крој

Еспресо

Балерината Стефанија Гаштарска проговори за тешкото нарушување во исхраната: „Постојано се изгладнував себеси“

К.С.

Синот на покојниот српски пејач Луис откри дека води битка за своето здравје: Сакав да споделам за да ме препознаете без коса и брада

Еспресо
Се вчитува....