14:58 - 27 ноември, 2026

„Својот брак не би го менувал за ништо“: Саша Матиќ искрено за љубовта, славата и животот

Саша Матиќ, еден од најпопуларните регионални пејачи, вели дека славата не го променила, туку искуството и годините го обликувале како личност. Тој нагласува дека останува приземен и благодарен на публиката, која ја смета за клучна во неговиот успех.

Иако ретко плаче, не бега од емоциите. Последен пат заплакал од благодарност – кон семејството, блиските луѓе и публиката, особено по големите концерти.

Кога станува збор за разочарувањата, вели дека научил да простува, бидејќи непроштевањето најмногу го повредува самиот човек. Не возвраќа на негативност, туку се фокусира на мирот и сегашноста.

За естрадата вели дека може да биде сурова, но тој никогаш не ја градел кариерата на скандали, туку на музика и позитивна енергија. Признава дека постои суета меѓу пејачите, но неговиот фокус секогаш бил на уметноста и добрите емоции.

За својот брак со сопругата Анѓелија истакнува дека е стабилен и исполнет со љубов, разбирање и поддршка.
„Својот брак не би го менувал за ништо на светот“, вели тој, додавајќи дека не е љубоморен и избегнува конфликти.

Семејството го смета за најважна поддршка – и во убави и во тешки моменти.

Во врска со парите, истакнува дека тие сами по себе не се проблем, туку начинот на кој луѓето се однесуваат кон нив. Најмногу вложува во музиката и во блиските луѓе.

Како пресвртница во кариерата го издвојува албумот „Маскара“, како и песната „Кад љубав закасни“, но додава дека многу негови песни оставиле силен печат.

Не му здосадуваат неговите хитови, бидејќи музиката ја доживува како љубов, а енергијата од публиката му дава дополнителна мотивација.

На крај, нагласува дека не жали за ништо во кариерата и никогаш не помислил да се откаже, бидејќи живее живот за кој отсекогаш сонувал.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....