11.8 C
Скопје
19:43 - 17 октомври, 2026

Мина Костиќ ќе се мажи? Каспер се огласи од Америка со емотивна порака за нејзиниот роденден

Мина Костиќ го прослави својот 51. роденден, а по тој повод јавно се огласи нејзиниот партнер Мане Ќурувија, во јавноста попознат како Каспер. Иако моментално ги дели океан бидејќи тој се наоѓа во Америка додека пејачката е во Србија, тој не ја пропушти приликата да и го разубави овој посебен ден со емотивна објава на социјалните мрежи.

Каспер сподели фотографија од Мина придружена со песната на Шабан Шаулиќ „Hvala ti za ljubav“, но најголемо внимание привлече пораката со која навести сериозни планови за нивната заедничка иднина. Тој јасно истакна дека се надева оти нејзиниот следен роденден ќе го прослават заедно и под исто презиме, со што директно најави можно венчавање во текот на следната година.

Покрај плановите за брак, парот размислува и за проширување на семејството. Мина неодамна изјави дека би сакала повторно да се оствари како мајка, особено поради нејзиниот партнер кој сè уште нема биолошки деца. Пејачката нагласи дека се отворени за сите опции, вклучувајќи и вештачко оплодување, но истакна дека не чувствуваат притисок и дека тој веќе има одличен однос со нејзината ќерка Анастасија.

На крајот, Мина низ насмевка ги демантираше гласините дека нејзиниот партнер ја искористува. Таа објасни дека ситуацијата е всушност обратна бидејќи Каспер многу и помага во професионалниот живот, особено околу водењето на социјалните мрежи и дигиталниот маркетинг, со кои таа самата не се снаоѓа најдобро.

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо
Се вчитува....