3.8 C
Скопје
02:23 - 21 декември, 2024

Светските медиуми брујат за разводот на Кејт Милтон и принц Вилијам: „Или тој или јас“

Дали бракот на Кејт и Вилијам ќе биде несакано повторување на болната судбина што ја имаа неговите родители Чарлс и Дијана? Дали неверството се пренесува со крв од татко на син, а семејната идила се одржува поради државни функции, додека некој од актерите „не пукне“ под притисок? Загрижувачкиот изглед на принцот од Велс, губењето на дури 15 килограми, несреќата што може да се прочита во неговите очи, но и постојаните гласини за неверство со маркизата Роуз Ханбери, се тоа заедно, изгледа, дека кај Кејт придонесе да се прелие чашата, пишува порталот жена.блиц.рс.

Според „The Hollywood Reporter“, анонимен инсајдер открил дека Кејт Мидлтон гори од гнев и се гуши во агонија, оптоварена со мисли за развод, кои ја мачеа уште во јануари пред да дознае за нејзината болест. Меѓутоа, бидејќи нејзината здравствена состојба беше загрозена, таа се посвети исклучиво на третмани и терапии во следната половина од годината. Во меѓувреме нејзиниот дом речиси пропаѓа пред нејзините очи.

„Кејт му беше благодарна на Вилијам за неговата поддршка во најтешките моменти и го остави настрана сето она што се случуваше меѓу нив. Меѓутоа, во овој момент таа реши да се справи со сите проблеми во бракот што ги имаа уште пред нејзината дијагноза, особено оние кои се однесуваат на неговите афери, кои ја прогонуваат. Чувството дека треба да раскинат не исчезна“, изјавил изворот.

Истиот инсајдер од Бакингемската палата додаде дека „на принцот Вилијам му е тешко што мора одвреме-навреме да ја гледа Кејт и дека поради се му е многу непријатно“, што го заклучиле и многу корисници на социјалната мрежа Х врз основа на видеото во кое принцезата од Велс објавува дека завршила со хемотерапија.

„Приказните за неверство и предавство, дури и ако се покажат дека се делумно лажни, на крајот направија голема штета. Секоја жена би била ужасната кога ќе ги слушне гласини кои постојано се повторуваат. Тоа беше особено болно за Кејт бидејќи тие се разгореа повторно кога ѝ беше дијагностициран рак, кога сите веќе шпекулираа дека таа и Вилијам се раделиле  – дури и Стивен Колбер зборуваше за тоа“, пишува Холивуд Репортер.

Патем, принцот Вилијам не беше вклучен само во озборувања за неверство со Роуз Ханбери, маркизата од Чолмондели, туку и со еден човек – Џејсон Кнауф, поранешниот извршен директор на нивната фондација, како и поранешниот секретар за односи со јавноста на Хари и Меган.

Сепак, тој не е единствениот актер во наводните геј афери на принцот од Велс. Откако командантот Роб Диксон, најблискиот соработник и десна рака на Вилијам, реши да се врати во кралската морнарица по четири години служба на престолонаследникот и со оглед на нивната блискост и слободното време што сакаа да го поминуваат заедно, нова гласина се распламти која вели дека Кејт му дала ултиматум на нејзиниот сопруг: „Тој или јас“.

Засега никој не ги демантираше гласините, но ниту ги потврдија, што само го проширува просторот за ширење на секој сомнеж, секоја информација и секоја дојава од упатени блиски до семејството. Сепак, јасно е дека нешто дефинитивно се случува и дека во бракот не цветаат рози, како што сакаат да претстават Вилијам и Кејт.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....