20.8 C
Скопје
14:36 - 11 октомври, 2026

Сузана Јовановиќ откри што се случило со имотот и милионски возен парк на Саша Поповиќ

Сузана Јовановиќ, вдовицата на покојниот Саша Поповиќ, отворено проговори за имотот што го поседувале со сопругот надвор од Србија, но и за луксузните автомобили што останале по неговата смрт.

Со месеци во јавноста се појавуваа различни информации за тоа што се случило со недвижностите што Саша и Сузана ги поседувале во странство. Таа сега одлучи да стави крај на шпекулациите и откри дека семејството повеќе нема имот во Опатија.

Сузана откри дека становите што ги поседувале во Опатија биле продадени уште додека Саша бил жив.

„Немаме имот надвор од земјата, да ставиме точка на тоа еднаш засекогаш. Во Опатија немаме ништо. Уште додека Сале беше жив, ги продадовме тие станови. Ништо повеќе не ме врзува за Опатија. Ни децата не сакаа сами да одат таму, па сè е продадено“, изјавила Сузана.

Така, според нејзините зборови, семејството повеќе не поседува недвижности во хрватскиот туристички град.

Сузана зборувала и за големата љубов на Саша Поповиќ кон автомобилите. Во текот на животот тој поседувал богат возен парк со луксузни автомобили, чија вредност во јавноста се проценувала на околу еден милион евра.

По неговата смрт, многумина се прашуваа што ќе се случи со автомобилите.

Сузана сега откри дека речиси целиот возен парк е продаден, а во семејството останал само еден автомобил.

„Сè е продадено, остана само белиот ферари. Тоа беше моја желба, но знам дека тоа беше и желбата на Сале. Тој многу го сакаше. Во светот има само 200 такви. Ќе го возат и Даниел и Тијана, ќе го возат и Александра и Игор“, рекла таа во емисијата „Премиера викенд специјал“.

Така, од некогашниот луксузен возен парк, кој се проценувал на околу еден милион евра, семејството решило да го задржи токму белиот ферари, автомобил за кој Саша имал посебна приврзаност.

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо

Тијана Дапчевиќ: Најголемата заблуда е дека имам дрво од кое берам пари

Еспресо

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.

Марија Шерифовиќ: „Не постои поромантична личност од мене, штета…“

E.A.

Печени костени какви што досега не сте пробале: Додајте им две состојки за неодолив вкус

К.С.

Дневен хороскоп за 11 октомври: Бидете подготвени за денешните предизвици

Еспресо
Се вчитува....