11.8 C
Скопје
02:58 - 3 мај, 2024

Сродните души на хороскопските знаци: За Лавовите мистериозна личност, за Вагите – убава, за Водолиите забавна личност…

раце љубов

Сте се запрашале некогаш што астрологијата може да ве научи за изборот на вашата сродна душа?

Еве го одговорот.

Овен – Самоуверен и амбициозен партнер

Овните сакаат да го живееат својот живот со полна пареа и брзо. Секако дека флегматичен и незаинтересиран партнер не доаѓа предвид! Тие не сакат да си го трошат времето на ништавило, туку сроден партнер за нив би бил оној кој ќе ги следи во чекорот, а уште подобро некој кој ќе го форсира брзото темпо на живот. Секако, тој/ таа треба да е стабилен и самоуверен, превземлив и да не се плаши да ризикува. Идеален партнер – Лав и Јарец.

Бик- лојална и романтична личност

Бикот сака неговиот партнер да не ги „вади“ очите од него и секаде да го следи и со поглед. Ако го најдат, засекогаш ќе останат со него/неа. Но, подеднакво им е важен партнер кој исто како нив, домот ќе го стави на прво место. Идеална сродна душа за Биковите е доверлива личност, лојална, амбициозна, но која игра на сигурно и не ризикува. Сакаат и романтични типови кои ќе направат да се чувствуваат како да се единствени на светот! Идеален партнер – Бик и Овен.

Близнаци – партнер со многу хумор и паметен/а

За Близнаците е многу важно да не се здодеваат во друштво на својот партнер. Тие имаат истенчен вкус при избирањето, па бидете среќни ако токму вам ви закажале состанок! Идеална сродна душа за Близнаците е забавен партнер, паметен и многу интересен. Добро е и ако партнерот се разликува од нив во многу нешта, што ќе ги тера да откриваат и нешто да научат од него. Идеален партнер – Водолија и Стрелец.

Рак – сочувствителна и интелигентна личност

Раковите имаат големо срце и многу љубов за давање. Ним им е потребен интелигентен партнер, но и посветен за да се чувствуваат посебни покрај него/неа. Важна им е и сочувствителноста, зашто и самите тие не се себични и не сакаат себични луѓе. Идеален партнер – Девица и Близнаци.

Лав – самоуверена и мистериозна

Лавот го привлекуваат мистериозни и самоуверени личности. Нивната сродна душа ја гледаат во партнер кој е предизвикувачки, има авантуристички дух, но исто така, партнерот мора да биде и интригантен за постојано да ги држи во „неизвеснот“. А на моменти, мора да им се „потчинува“ со зборовите колку се тие прекрасни (хранејќи го егото на Лавот)! Идеален партнер – Риби и Шкорпија.

Девица – софистицирана и комплексна личност

Идеален партнер за Девицата е личност која е повеќеслојна, комплексна, но многу софистицирана. Но, многу им е важно и партнерот да биде амбициозен за заедно да се туркаат во животот напред. Девиците се „ежат“ на типови кои се излежуваат и не прават ништо (посебно) во животот. Секако, нивниот партнер мора да биде и лојален, какви што се тие. Идеален партнер – Бик и Овен.

Вага – убава и паметна, речиси совршена личност

Вагите го избираат најдоброто за себе, тие бараат партнер кој безмалку треба да биде совршен – и убав и паметен и софистициран и самоуверен и успешен… Тие буквално ја сакаат физичката убавина која им е многу важна, но без интелигенција, повторно нема да преземат ништо. Сродна душа за Вагата е онаа која точно знае што тие сакаат! Идеален партнер – Јарец и Девица.

Шкорпија – страствена и предизвикувачка личност

Кога сте со Шкорпија, треба да сте сигурни дека нивната љубов е длабока, интензивна и необична. Тие бараат партнер кој ќе ги охрабрува, турка нанапред и ги предизвикува, личност која исто така, ќе го распламтува нивниот внатрешен оган. Тие сакаат и малку мистерија и интригантност. Идеален партнер – Рак и Риби.

Стрелец – отворена личност со слободен дух

На Стрелецот му е најважна слободата и независноста и не сака личност која не е позитивна или која се лути. Идеална сродна душа за нив е забавна личност, со отворен ум кон животот. Таа личност никако не смее да им поставува граници, а уште подобро ако има и авантуристички дух и страст за патувања. Идеален партнер – Водолија и Близнаци.

Јарец – горда и „класи“ личност

Сродната душа за Јарецот е личноста која има многу стил и која знае што сака во животот. Секако, Јарецот бара и интелигенција, но уште поважна му е гордоста кај партнерот. И последно, но не помалку важно, личноста мора да им биде многу лојална! Идеален партнер – Лав и Вага.

Водолија – посветена и забавна личност

Водолиите сакаат да се забавуваат и бараат друштво за тоа. Затоа, идеалниот партнер за нив мора да биде пред се забавен, но и доволно да им се посвети. Водолиите ги привлекуваат и личности со нагласена смисла за хумот. Ако не можете да ги насмеете, самите шкртнете се од нивниот список! Идеален партнер – Стрелец или Водолија.

Риби – самоуверена и креативна личност

Рибите живеат во некој свој свет и никогаш животот не го сфаќаат премногу сериозно ни буквално. Идеална сродна душа за нив е партнер со здрава доза на самоувереност, малку „див“ и со креативен ум кој размислува на нелинеарен начин. Важно им е партнерот да биде комуникативен за да можат да разговараат со него и длабоко да ги разбира. Идеален партнер – Шкорпија или Вага.

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....