9.8 C
Скопје
22:51 - 25 април, 2024

„Среќна е што остана жива“: сè за страшната несреќа на Ен Хеч

Актерката удрила со својот автомобил во куќа во Лос Анџелес и „ѝ претстои долго закрепнување“.

Во петокот вечерта, Ен Хеч удрила со својот автомобил во куќа во населбата Мар Виста во Лос Анџелес. Хоспитализирана во критична состојба, според Си-Ен-Ен, глумицата има „тешки изгореници и ѝ претстои долго опоравување“, но повеќе не е во животна опасност, а имала „среќа што е жива“.

Полицаец од Лос Анџелес во петокот изјави дека возилото на Хеч „се движело со голема брзина кога излетало од патот и се судрило во куќа“. На пожарот што настана на „лице место“ му требаше повеќе од еден час за да се изгасне. Нема информации за други повредени.

Автомобилот излетал, се удрил во центарлниот дел на куќата, при што се запалил. Спасувачите ја извлекле Хеч од автомобилот и на носилка покриена со бел чаршаф ја однеле во возило на брза помош. Хеликоптер го фатил моментот кога глумицата скокнала, го искинала чаршафот и ги изненадила спасувачите.

Хеч (53) – партнерка на комичарката и водителка Елен Деџенерис во 1990-тите – почна да глуми во дневниот сапунски емисии по што стана славна, а потоа слесуваа и улоги во голем број филмови од средината и доцните 90-ти.

По раскинувањето со Елен Деџенерис во август 2000 година, Хеч доживеа психолошки (нервен) слом, што кулминираше со нејзиното талкање низ Фресно, Калифорнија, кажувајќи им на луѓето дека ќе патува со вселенски брод. Таа тропнала на вратата од куќата на некоја жена, ѝ се појавила пред врата „како гром од ведро небо“  и останала таму повеќе од половина час, пиејќи манично бројни чаши вода, а потоа побарала да се истушира ​​и да гледа филм на софата. Жената, која ја препознала актерката, потоа стапила во контакт со шерифот.

Човек кој живее во близина на местото каде што Ен Хече доживеа речиси фатална сообраќајна несреќа во петокот на 5 август, сподели ужасни детали од несреќата. Дејвид Менперл откри дека го видел автомбилот на Хеч како „лета“ по улицата Мар Виста пред да удри во куќа.

Манперл рече дека брзината на возилото била околу 90 милји на час во тоа време. Неговата камера од телефонот ја снимила трагедијата додека се одвивала.

Тој рече: „Околу 10:50 слушнав автомобил како брза и погледнав низ прозорецот каде што го видов автомобилот како се движи со околу 90 милји на час. За неколку секунди слушнав силен удар, во тој момент истрчав со моите апостолки бидејќи знаев дека некој е повреден и бев во право“.

Штом се приближил до куќата Манперл објаснува за Дејли меил : „Пред да се приближам до автомобилот, го видов жителот на куќата како бос стои среде урнатините. Беше во шок и избезумено ме замоли да му помогнам да ги извлечам неговите миленици од дома. Успеав да го земам поводникот за неговите две мали кучиња“.

 

Манперл потоа се приближил до возилото и открил дека возачот е заглавен помеѓу воздушното перниче и седиштето. Тој рече дека се обидел да разговара со лицето за да се увери дека е добро. „Се обидов да разговарам со неа неколку пати прашувајќи ја дали е добро, но таа не одговори, па морав да се реагирам. Успеав да ја отворам задната врата од автомобилот и до половина влегов внатре. Овој пат, кога ја прашав дали е добро, таа рече не“.

За да се увери дека реагира, ѝ рекол да ја крене раката,  но таа не можела. Во тој момент почувствувал вода врз себе и набрзо открил дека се работи за друг сосед кој го прскал возилото со вода зашто пожарот се проширил на куќата.  „Повторно се обидов да разговарам со неа и забележав дека чад и пламенот сега имаше насекаде и од лево и десно, па брзо излегов од автомобилот“, изјави Манперл.

Манперл рекол дека по излегувањето од возилото се обидел да му помогне на другиот сосед да го изгасне пламенот. Но, набрзо сфатил дека тоа нема никаква смисла бидејќи куќата била речиси уништена. Дополнително, на местото на настанот пристигнале 10-тина противпожарни возила. Манперл додаде: „Бев сигурен дека возачот е мртов. Дека е изгорен. Поминаа најмалку 30 минути пред пожарникарите да го изгаснат пламенот, да го извлечат автомобилот и да го извлечат возачот од автомобилот. Бев изненаден кога дознав дека тоа е Ен Хеч. Мислам дека имаше проблеми во минатото “.

Брајан Хемфри од противпожарната служба во Лос Анџелес изјави за NBC Лос Анџелес: „На 59 пожарникари им требаа 65 минути за да пристапат до возилото, да го изгаснат тврдоглавиот пламен во тешко оштетената структура и да ја спасат возрасната жена пронајдена во возилото, која во критична состојба била пренесена во болница во областа од страна на болничарите“.

Пред да ја направи страшната несреќа, неколку улици понапред, глумицата со голема брзина прво удрила во гаража на станбен комплекс. Жителите сакале да ѝ помогнат, според очевидците, но таа одеднаш почана ла вози во рикверц, а при тоа некој од сведоците направил фотографија на која се гледа дека во автомобилот има шише вотка.

Се уште официјално не е потврдено дали Хеч била пијана.

Во последниве години, кариерата на актерката беше прилично стабилна, со учество во некои среднобуџетни филмови и со појавувањето, во 2020 година, во актерската екипа на Dancing With The Stars.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....