12:48 - 7 ноември, 2026

„Среќен роденден, Маестро!“: Калиопи му го честиташе роденденот на поранешниот сопруг Ромео Грил

Калиопи му го честиташе роденденот на својот поранешен сопруг и долгогодишен музички соработник Ромео Грил, со емотивно видео составено од нивни заеднички фотографии и снимки од различни периоди.
„Среќен роденден Маестро!“, напиша пејачката во објавата посветена на Грил.
Во видеото се менуваат стари и понови моменти на Калиопи и Ромео, спомени од годините што ги поминале заедно, но и кадри кои сведочат за нивната долгогодишна музичка соработка. Посебно внимание привлекува фотографијата од студио, на која Калиопи за Ромео напишала: „Тој знае што прави“.
За музичка подлога на роденденската објава Калиопи избрала микс од своите песни „Кофер љубави“ и „Роѓендан“.
Калиопи и Ромео Грил со години се едни од најпознатите музички тандеми на македонската сцена. Нивната приказна не заврши со крајот на бракот, тие ја продолжија професионалната соработка, а Ромео остана автор и продуцент на голем дел од музиката на Калиопи.
Од бракот го имаат синот Пако, а пејачката во повеќе наврати јавно зборуваше со почит за поранешниот сопруг и за нивната поврзаност преку музиката.
И минатата година Калиопи јавно му го честиташе роденденот на Грил. Тогаш, исто така, сподели нивни заеднички спомени и му се обрати со „Маестро Ромео“, покажувајќи дека пријателството и меѓусебната почит останале и многу години по нивната разделба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....