13:00 - 7 ноември, 2026

Поради неа 11 години помлад монах го напушти манастирот, а нивниот син го носи нејзиното презиме

Српската актерка Ивана Жигон го прослави својот 58. роденден во кругот на најблиските, а најголема гордост ѝ е нејзиниот син Стефан Стево, чие раѓање го следи несекојдневна животна приказна која со децении ја интригира јавноста. Ивана во 2006 година се омажи за 11 години помладиот Григорие Брковиќ, кој поради љубовта кон неа донесе одлука да го напушти монашкиот живот.

Иако нивниот брак со текот на времето заврши, плод на таа голема љубов е нивниот син.

Многумина со години се прашуваа зошто нивното дете го носи презимето на мајката, а не на таткото. Сепак, станува збор за благородна одлука донесена  на иницијатива на Григорие, кој предложил детето да го носи презимето Жигон за да не се угаси лозата на легендарниот актер Стево Жигон.

Денес, Стефан Стево е израснат во свестран и успешен млад човек кој студира дипломатија и филозофија. За Ивана, која дури четири пати успеа да го победи ракот, успехот и поддршката од синот претставуваат најголема награда и животна сила:

„Стефан израсна во момче со силен карактер и чекор по чекор оди по стапките на своите предци. Неговата зрелост и ставови за мене се најголемата животна победа“.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....