13:41 - 27 ноември, 2026

Мајката на Едита Арадиновиќ за првпат проговори за семејните караници: „Тоа трае многу долго, сè ова многу нè чини“

Познатата пејачка Едита Арадиновиќ неодамна стана мајка на ќерката Зоиа и реши максимално да се повлече од јавноста за да ужива во мајчинството. Сепак, убавите моменти ги наруши нејзината родена сестра Инди, која преку социјалните мрежи упати тешки зборови до семејството, за подоцна да побара прошка. За овој семеен јазол за првпат прозборе нивната мајка Флорија Арадиновиќ.

Флорија искрено призна дека несогласувањата во куќата не се од вчера, но дека јавниот живот на нејзините ќерки дополнително го отежнува целиот процес:

„Тоа трае веќе многу долго. Не знам кој нема проблем во куќата каде што живее со брат или сестра. Бидејќи се јавни личности, тоа нè чини. Баш нè чини, а луѓето се сурови, што да ви кажам“.

И покрај семејните турбуленции, мајката откри дека Едита одлично се снаоѓа во улогата на мајка, а иако ја прекина врската со таткото на детето Ненад Стевиќ уште за време на бременоста, тие останаа во добри односи и тој редовно учествува во одгледувањето на нивната ќерка.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....