13:57 - 7 ноември, 2026

Средбата со светската ѕвезда во Лондон пресудна за Бора Чорба: „Оди во… Врати се во Белград“

Бора Ѓорѓевиќ своевремено раскажа како го запознал Иан Гилан од групата Дип Парпл во Лондон и како решил да се врати во Белград поради таа средба.

Животот на Бора Ѓорѓевиќ, како што може да се слушне деновиве, и тоа не само од неговите пријатели, би бил одлична основа за добар филм.

Своевремено, тој во една телевизиска емисија зборуваше за средбата со легендарниот пејач на Дип Парпл, Иан Гилан, кој го мотивирал да се врати во Белград.

„Станавме ужасно големи, поголеми отколку што можевме да издржиме. И, се разбира, се отуѓивме. Малкумина од луѓето кои нè направија големи. Се додека еден ден не го запознав Иан Гилан, мојот идол. Бидејќи соработувавме со Џон Мекој, одиме во Лондон да се сретнеме со Џон, нешто да се договориме. Гилан снимаше некој спот и ги чекаме во пабот. Доаѓа Иан Гилан, ѕвезда пар екселанс. Во меѓувреме, бевме опкружени од телохранители. Потпишувањето автограми и фотографирањето траеше подолго од самиот концерт. И Иан Гилан доаѓа и ме прашува: „Што пиеш?“.Јас гледам, не можам да поверувам. Велам коњак. Ја прашувам бившата што пие, и таа вели коњак. И ја гледаш големата светска ѕвезда носи послужавник, се порбива низ народот и носи два коњака. И си велам: ‘Боро, оди во…Врати се во Белград, Отпушти ги телохранителите“, раскаува Бора и додава:

„Одлучив да останам нормален и да одам во кладилница, и на пазар, и во кафеана и било каде сосем нормално и повторно да ја остварам таа врска со луѓето кои не направија големи. И така остана, фала Богу, до денес“ – раскажа Бора во емисијата „Око магазин“ на РТС, пренесува Б92.

 

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....