07:03 - 10 ноември, 2026

Средба на Путин и Еродган, за што ќе разговараат денес двајцата лидери

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган денес треба да се сретнат и да разговараат.

Двакцата државници се на состанокот во Сочи, а според рускиот портал аиф.ру,  ќе разговараат за Украина, Нагорно Карабах и Сирија.

„Денес сигурно ќе се разговара за Сирија. Турција има легитимни безбедносни грижи, кои ги земаме предвид, но многу е важно да се спречат дејствија кои би можеле да доведат до дестабилизација на ситуацијата во Сирија“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Потоа, ќе се осврнат на „отстранувањето на пречките“ во транспортот на житото, чиј договор беше постигнат во Истанбул на крајот на јули. Дополнително, може да се допрат и темите за ескалација на конфликтот во Нагорно Карабах и влезот на Турција во БРИКС, пренесува аир.ру

Друга важна тема е дискусијата за изградбата на нуклеарната централа Акују од страна на руски Росатом. Во Турција околу Аккују избувна политички конфликт. Опозицијата ги обвини турските власти дека се премногу зависни од Русија во енергетскиот сектор.

Претходно Песков не исклучи дека шефовите на држави ќе разговараат за влезот на Турција во БРИКС.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....